КултураУнгарската претстава „Вашето кралство“ за отворање на 41.Млад отворен театар Со претставата „Вашето кралство“ на трупата „Форте компани“ од Унгарија, по текст на Шандор Тар и во режија на Чаба Хорват, вечер официјално ќе биде отворен 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“-МОТ.Како што најави МОТ, драмата на унгарскиот писател Тар прикажува неутешна приказна, која е истовремено драматична и апсурдна со многу сочувство и хумор, додека брутално суровите и реалистични настани се растворени во поетските визии на претставата на „Форте компани“. - Креативната енергија и радикалните средства, типични за оваа компанија, му помагаат на гледачот да се нурне во светот на маргинализираните и имаат ефект што тешко може да избледи, соопшти МОТ. Фестивалот, кој го организира Младинскиот културен центар под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура, ќе се одржува до 27 септември до кога ќе бидат изведени уште десет претстави. Во програмата на годинашниот МОТ се претставите: „Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче во режија на Себастијан Хорват, театарскиот перформанс „Државата“ на Александар Мануилоф од Бугарија, „Галеб“ на театарот „Види“ од Лозана на германскиот режисер Томас Остермаер, „Офф-Надминување од границите“ на театарот „Ујвидеки Синхаз“ од Нови Сад, „Мртовецот доаѓа по љубената“ на Прешерновиот театар од Крањ, „Случајот Хармс“ на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ, „Мртва точка“ во режија на Раду Африм на романскиот театар „Тома Карагиу“. На МОТ ќе има и Македонски ден (25 септември), кога ќе биде изведена танц-претставата „Без наслов“ на Скопје танцов театар, како и „Коските што доаѓаат доцна“ во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Државниот театар од Приштина и „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на режисерката Билјана Радиновска во изведба на „Артопија“ од Скопје. Покрај сценски изведби, во рамки на МОТ ќе има промоција на книгата „Рапсодија за театарот“ од Французинот Ален Бадју, еден од најголемите живи филозофи во Европа и светот. Годинава МОТ имаше и претфестивалска програма (МОТ+). На 14 септември гостуваше белградскиот театар „Миксер Хаус“ со претставата „Догвил“ и беше отворена изложба на фотографии и постери на истакнатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски. Изложбата, која вклучува фотографии од изданија на МОТ во периодот од 1984 до 1996 година во холот на МКЦ ќе биде отворена до затворањето на годинашниот фестивал (27 септември). Од 15-ти до 19 септември во рамки на МОТ+ имаше и програма „Шекспир на филм“ и беа прикажани пет филма за великанот на светската драматургија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16