ТенисУнгарска тенисерка отвори профил на OnlyFans- добивала смртни закани (ВИДЕО)Унгарската тенисерка Пана Удварди (27) ја изненади јавноста отворајќи профил на платформата за возрасни OnlyFans, а овој потег дојде откако пред неколку недели откри дека добила сериозни закани со смрт.Непознати лица ѝ испраќале пораки со фотографии од оружје и членови на нејзиното семејство, предизвикувајќи голема загриженост во тенискиот свет. Неочекуван пресврт во кариерата Додека истрагата за заканите сè уште е во тек, Удварди одлучи да направи драстичен пресврт. На новоотворениот профил, тој планира да сподели ексклузивна содржина за своите претплатници. Во првата објава, таа рече дека е возбудена за нов почеток и дека сака да ја преземе контролата врз сопствениот имиџ и кариера. Нејзината одлука предизвика поделени реакции во јавноста. Додека некои ја поддржуваат и ја фалат нејзината храброст да тргне по нов пат, други ја критикуваа. View this post on Instagram A post shared by Panna Udvardy (@panna_udvardy) Директна порака до фановите Се чини дека унгарската тенисерка врти нова страница по своите трауматски искуства, и останува отворено прашање дали ќе се оддалечи од професионалниот тенис поради нејзиниот нов ангажман. „Животот на еден тенисер е интензивен и напорен, но за мене многу значи да имам простор каде што можам да бидам целосно своја. Возбудена сум што можам да се поврзам подиректно со луѓето што ме поддржуваат, и на теренот и надвор од него. Се гледаме на OnlyFans“, рече Удварди. View this post on Instagram A post shared by Panna Udvardy (@panna_udvardy) Таа е петтата тенисерка што отворила профил на оваа платформа за возрасни, по Софија Жук, Анџелина Граовац, Ешли Харклероуд и Океана Додин.Тагови: OnlyFans тенисерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на загинати во Венецуела надмина 4.300 луѓе, граѓани со голи раце пребаруваат под урнатинитеПродолжува да расте црниот биланс од катастрофалните земјотреси во Венецела. Властите објавија дека заклучно со вчерашниот ден бројот на загинати е над 4.300 лица а повеќе од 16.000 се повредени. Идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани. -Бројот на Венецуелци кои загинаа како директен резултат на земјотресите од 24 јуни е 4.333 лица со 16.740 повредени и 6.462 спасени. Додека има живот има и надеж. Сè уште имаме едно или две места каде ситуацијата е неизвесна и нашите екипи продолжуваат да трагаат по можни преживеани. Многу од машините кои го донесоа интернационалните спасувачи се опремени и им овозможуваат да се детектира дали има срцебиење или топлина. Што покажува дека таму има живот. – Хорхе Родригез – Претседател на Националното собрание Борбата за секој човечки живот продолжува. Спасувачките екипи, веќе со денови неуморно работат на терен, пребарувајќи го секој сантиметар под огромните бетонски блокови и урнатини. Иако шансите се намалуваат со секој изминат час, надежта кај спасувачите не згаснува. На некои од рушевините се уште се чека помош додека семејствата со голи раце пребаруваат. -Поминаа 16 дена и се уште нема помош да го извлечеме мојот син од рушевините. Не само него, има и други луѓе таму. Има и деца на приземјето а само машините работат и на ништо друго не се чека. -Ги бараме не само мојата внука и нејзините четири деца, го бараме и семејството на колега, семејствата на сите бидејќи сите станавме едно семејство. Операциите на терен не запираат ниту во текот на ноќта. Екипите се обидуваат да лоцираат какви било знаци на живот. -Тука сме секоја ноќ и никој не оди дома да се одмори. Во истата облека сме од 26.06 од вториот ден по земјотресот. Не сме заминати да се преслечеме и да се одмориме. -Мојот брат е овде но тој сакаше да спаси една госпоѓа која имаше шанси да преживее и тоа ќе го направеше без разлика на се. И од оние што преживеаја овде во зградата кажаа дека кога тој се вратил да ја бара скалите тие се срушиле и останале неколку луѓе долу. И госпоѓата, фала му на Бог е жива и е во прифатилиште, но сакаме да го најдеме мојот брат дури и ако е само телото. Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици. Според проценките на ОН околу 50 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати по катастрофалните земјотреси во Венецуела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МетеоУХМР: Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје!Невремето се движи од запад кон исток!Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје! Врнежи има и во северозападните и централните делови на Македонија! Невремето се движи од запад кон исток! Претходно од УХМР соопштија дека има поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо надзорни камери против вандалите на детските игралишта Видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите низ Општина Аеродром – најавува градоначалникот Деан Митевски. По низата случаи на вандализам и оштетување на јавниот имот, општината започнува постапка за поставување на надзорни камери. Советот на Општина Аеродром веќе даде зелено светло за старт на процедурите, а градоначалникот Митевски вели дека иако процесот е сложен, очекува до крајот на годината да биде распишан тендер за набавка на опремата. Претходно ќе се направи анализа на сите детски и спортски игралишта и паркови за да се утврди колку камери ќе бидат потребни и колкава ќе биде вредноста на проектот. Особено внимание, како што посочува Митевски, ќе се посвети на почитувањето на одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока кажа дека веќе биле остварени и работни средби со претставници на надлежните институции.. -Ова е една коплексна постапка имајки ги предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци, па мораме да бидеме многу внимателни, меѓутоа се одлучивме да ја спроведеме без оглед на комплексноста, бидејки како општина навистина трошиме многу средства за одржување на детските и спортските игралишта, најчесто поради уништување од страна на вандали. Лица од општина Аеродром остварија средба со претставници од Агенцијата за заштита на лични податоци и добивме напатствија од нивна страна како треба да ја спроведеме постапката за да можеме на крај да ги испочитуваме одредбите од Законот и тоа да биде фукционално. - Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром Последниот случај на вандализам беше регистриран пред 2 дена во Кисела Вода, каде непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на детско игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, правејќи го просторот неупотреблив и небезбеден за користење. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска најави дека општината ќе ја разгледува можноста за поставување видеонадзор и на детските игралишта и другите јавни површини. Пред еден месец ваква најава имаше и од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. И тој посочи дека станува збор за сложена постапка, но дека, со целосно почитување на законските процедури, снимките од видеонадзорот би можеле да се користат како доказ во кривични или прекршочни постапки, но исклучиво по налог на надлежните институции. Меѓу првите општини со ваква идеја пред две години беше општина Центар, но камерите до овој момент не се поставени.. Од градоначалникот Горан Герасимовски не добивме одговор до каде е постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter