ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЕвропаУнгарија ќе ги блокира 90-те милијарди евра од ЕУ за Украина ако не се обнови транзитот на руска нафта низ „Дружба“ Унгарија ќе го блокира планираниот заем од ЕУ во вредност од 90 милијарди евра за Украина сè додека не продолжи транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари откако украинските власти соопштија дека нападот со руски беспилотни летала го оштетил нафтоводот „Дружба“, кој пренесува гориво низ украинската територија до Централна Европа. Унгарија и Словачка, на кои им е дадено привремено ослободување од европската забрана за увоз на руска нафта, го обвинија Киев за намерно попречување на испораките. Во видео објавено на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Украина за „уценување“ на Унгарија со тоа што не го обновува транзитот на нафта. Тој рече дека неговата влада ќе го блокира огромниот бескаматен заем одобрен од ЕУ во декември, кој има за цел да му помогне на Киев да ги покрие своите воени и економски потреби во следните две години. - Нема да се потчиниме на овој притисок. Ние не ја поддржуваме војната на Украина и нема да ја финансираме. Додека Украина го спречува продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, ќе ги блокираме одлуките на Европската Унија кои се важни и корисни за Киев, рече Сијарто. Одлуката на Будимпешта да го задржи клучното финансирање доаѓа два дена откако Унгарија ги суспендираше испораките на дизел за својот сосед додека не се врати протокот низ гасоводот „Дружба“, и само неколку дена пред четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на врз Украина. Заемот од 90 милијарди евра за Украина, покрај Унгарија, првишно не го поддржаа и Словачка и Чешка, но на крајот беше постигнат договор дека нема да го блокираат пакетот, во замена за гаранции за заштита од можни финансиски последици.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Словачка се одржуваат локални и регионални избори Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR. Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија. Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети. Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште. Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.Тагови: Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook