Унгарија ги укинува работните визи за граѓаните на три држави - Канал 5

Унгарија ги укинува работните визи за граѓаните на три држави

Од денес, унгарската влада ќе престане да издава работни визи за работници од Филипините, Грузија и Ерменија, што е прв чекор кон регулирање на приливот на гастарбајтери, потврди портпаролката на владата. 

Унгарија ги укинува работните визи за граѓаните на три држави

Овој потег е во согласност со најавата на партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар, која по победата на изборите на 12 април и завршувањето на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, вети дека од јуни ќе престане да издава визи за работници од надвор од Европската Унија, пишува Ројтерс.

Влада: Гастарбајтерите ги намалуваат платите

Владата ќе ги заостри условите за вработување за гастарбајтерите поради загриженоста дека тие ги намалуваат локалните плати, изјави портпаролката Ванда Сонди на прес-конференција.

Измена на прописите и правилата за постојните работници

Од денес, се менува регулативата што им дозволуваше на агенциите за вработување да увезуваат работници од Филипините, Грузија и Ерменија по поедноставена постапка. Вработените што веќе се во Унгарија сè уште ќе можат да аплицираат за продолжување на нивните дозволи, а веќе поднесените апликации ќе бидат обработени. Владата ги нарекува овие реформи прв чекор во планираното долгорочно решение.

Економски последици и зависност од странци

Според официјалната статистика, странските работници сочинуваат само два проценти од унгарската работна сила, но некои сектори, како што се услугите и производството, се многу зависни од нив. Некои од најголемите странски инвеститори во Унгарија предупредија дека целосното прекинување на доаѓањето на гастарбајтери може да им наштети на компаниите и на економијата како целина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра.

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони.

Веќе објавивме - нова зделка вредна 13,2 милиони евра.

Компанијата „METER&CONTROL“ од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group“, која се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк меѓу „Руднап“ и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ.

Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е партнер и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“, модел кој сега се најавува и во Македонија.

Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци.

Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар.

Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска.

„Руднап“ е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски.

За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја.

За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра.

Прес-конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. 

МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на мирот и одбележувањето на 15 години спроведување и развивање на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши.

„Бројни наставници поминаа обуки и потоа во училиштата реализираа содржини за ненасилно решавање на конфликти, прифаќање на различностите и охрабрување на младите да поттикнуваат дијалог, толеранција и соработка а не поделби и раздор. Ако од мали децата учат да решаваат несогласувања со разговор, слушање и компромис наместо со кавга, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе пораснат во граѓани што имаат култура на мир и ја практикуваат во релациите со другите“, посочи Ивановска.

Таа се заблагодари на „Меѓаши“ за ангажирањето во овој чувствителен сегмент и ги повика сите други чинители да помогнат во градењето образование кое оваа држава ќе ја развива во современа и напредна демократска заедница.

Двете средни училишта, „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје добија признанија за придонесот кон мировното образование.

Државниот секретар нагласи дека наставниците се тие кои имаат најголема задача сѐ тоа што стекнуваат на обуките за мировно образование, да го пренесат во училниците и да го доближат до младите. За нив, признанијата се потврда за посветеноста и трудот што го вложиле но вистинската награда се учениците кои израснале во граѓани полни со почит, толеранција и одговорност за градење мирна иднина на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). 

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1.

Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим.

Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините.

Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа.

Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер