Унгарија ги протера Украинците, уапсени со богатство- милијардите и златото го задржаа (ВИДЕО) - Канал 5

Унгарија ги протера Украинците, уапсени со богатство- милијардите и златото го задржаа (ВИДЕО)

Седуммина украински работници за пренос на готовина беа во четвртокот уапсени од унгарската полиција (TEK) беа вратени во Украина вчера вечерта, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Унгарија ги протера Украинците, уапсени со богатство- милијардите и златото го задржаа (ВИДЕО)

Сепак, унгарските власти сè уште не ги вратиле 27-те милијарди форинти во странска валута и 9 килограми злато запленети за време на запирањето на украински конвој со злато. Украинските власти ја обвинија Унгарија за „апсурдни обвинувања“, „државен тероризам“ и „политика на уцена“, објави Блик.

Според претходните извештаи, TEK заплени 27 милијарди форинти и 9 килограми злато во операција во која учествувале две оклопни возила што транспортирале готовина од Австрија во Украина. Објавено е и видео од заплената.

Досега нема јасни информации за притворените, но украинската амбасада во Унгарија потврди дека сите седум работници сега се безбедни во Украина. Во соопштение на Фејсбук, тие напишаа:

„Нашите момци се веќе дома, сите седуммина се на украинска почва. Ви благодариме на сите што помогнаа со нивната работа и извршија притисок да ги вратат од Будимпешта“.

Тие додадоа: „Ќе ги вратиме и средствата и вредните предмети, но приоритет сега се луѓето“.

Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха го информираше претседателот Зеленски дека седум украински државјани кои беа приведени во Будимпешта се ослободени.

На прес-конференција за дипломатите на ЕУ во Украина, заменик-министерот за надворешни работи Евгениј Перебинис, заменик-претседателот на Народната банка Дмитро Олиник и претседателот на Управниот одбор на Ошадбанк Јуриј Кацион нагласија дека транспортот на пари и скапоцени метали бил во согласност со меѓународното право, законите на ЕУ и билатералните договори. Пратката ја имала целата потребна документација што го потврдува нејзиното законско потекло и цел.

Тие ги нарекоа унгарските обвинувања апсурдни, а претходните потези на Унгарија неприфатливи. Украинците ова го сметаат за „државен тероризам и политичка уцена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација.

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа.

Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато дека Ресурсниот центар претставува важен механизам за поддршка на општините во процесот на поефикасно извршување на нивните надлежности и реализација на развојните проекти.

Во рамки на посетата, се изврши увид и во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на Интеррег VI-А ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Проектот има за цел да придонесе кон економскиот развој на прекуграничниот регион преку создавање услови за развој на четирисезонски туризам и одржливо користење на културните и природните ресурси. Вкупната вредност на проектот изнесува 809.303 евра, додека вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери е 522.806 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 78.420 евра за македонските партнери.

„Посетата на Општина Ранковце, покрај тоа што ја искористив за средба со градоначалникот, советниците и администрацијата, е и можност непосредно да го видиме напредокот на проектите кои се имплементираат во рамки на општината. Проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“ претставува пример како европските средства можат да се искористат за валоризација на локалните потенцијали. Со адаптацијата на објектите во селата Петралица и Отошница се создаваат нови содржини кои ќе придонесат за зачувување на традицијата, развој на туризмот и отворање можности за локален економски развој“, изјави Перински.

Тој истакна дека Министерството останува партнер на општините во процесот на користење на европските фондови и потсети дека за овој проект е обезбедено национално кофинансирање од 15 проценти за македонските партнери – Општина Кратово и Општина Ранковце.

Министерот информираше и дека Општина Ранковце започнува со имплементација на нов проект во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Косово, насловен „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“, чија цел е подобрување на протокот на водите во реките и намалување на ризикот од поплави преку реконструкција на речни корита и инсталирање системи за рано предупредување.

Во рамки на посетата беше истакнато и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година се реализира проектот за изградба на локален пат во село Опила, во вредност од над 6 милиони денари, со што дополнително се подобрува патната инфраструктура во општината.

Дополнително, преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат вкупно пет инфраструктурни проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, истакна дека посетата на министерот претставува значајна поддршка за општината и нејзините развојни заложби.

„За Општина Ранковце претставува особена чест што денес сме домаќини на министерот за локална самоуправа. Неговата посета е потврда дека државата ги препознава потребите на помалите општини и ја поддржува нивната развојна визија. Во моментов успешно го реализираме проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, преку кој инвестираме во развојот на туризмот, зачувувањето на традицијата и создавањето нови можности за локален економски развој“, рече Павловски.

Тој посочи дека особено значење за локалната заедница има реконструкцијата на поранешното училиште во село Петралица.

„Овој објект не е само градба, туку дел од колективната меморија на многу генерации жители на селото. Тука се создавале спомени, се стекнувале знаења и се граделе животни приказни. Токму затоа, една од просториите ќе биде уредена како спомен-соба, со цел да ги зачуваме сеќавањата и да им оддадеме почит на генерациите што поминале низ ова училиште“, истакна градоначалникот Павловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Уште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски.

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија.

Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Е сега, суштината е во тоа што во анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема јавно достапни податоци дека Јанушев пријавил поврзаност со компанија во Бугарија.

Токму затоа овој случај бара итна институционална реакција.

ДКСК, Јавното обвинителство и сите надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, да ги проверат сите факти и да утврдат дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто?

Јавноста заслужува одговор на едноставното прашање.

Но, овој скандал открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив.

Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани кои тераат бизниси преку бугарски компании.

Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите.

Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг

По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.

„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг

Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при.

По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината.

Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз.

Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар.

Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер