3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
1Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
2Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
ЖивотУНФПА на Меѓународниот ден на семејството: Потребни се повеќе инвестиции - Потребни се повеќе инвестиции во поддршка на родово одговорни семејни политики со цел јакнење на потенцијалот.Потребни се повеќе инвестиции во поддршка на семејствата за да се справиме со родовите нееднаквости, да се обезбеди здрав развој на децата, да се подобри благосостојбата на семејствата, да се поттикне економскиот раст и да се создадат поинклузивни и поотпорни општества, објави денеска Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија на Меѓународниот ден на семејствата. Фондот за население на Обединетите нации нагласува дека политиките за поддршка на семејствата треба да бидат родово одговорни за да бидат ефикасни. Ова значи дека тие мора да одговорат на родовите нееднаквости, вклучително и неплатената работа за нега, да ги заштитат правата на жените и да не ги одржуваат штетните родови норми, улоги и стереотипи. Новата заедничка студија на УНФПА/УНИЦЕФ, „Цената на немањето родово одговорни семејни политики“, покажува дека недостатокот на политики и на поддршка за семејствата што им се од полза на жените, мажите и децата носи значителни социјални и економски трошоци. „Добро осмислени и дарежливи политики за поддршка на семејствата се во корист на поединците, семејствата, компаниите и општествата во целина, а, исто така, тие го зајакнуваат капацитетот на земјите за да се справат со демографските промени“, вели Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. „Тие се суштинскиот пат кон градење поинклузивни, правични, отпорни и, на крајот, попросперитетни општества.“ Студијата покажува дека длабоко вкоренетите родови норми низ регионот и натаму им ја даваат примарната одговорност за нега и домашни работи на жените. Ваквите очекувања резултираат со тоа што жените во Европа и Централна Азија поминуваат значително повеќе време на неплатена работа за нега отколку мажите, понекогаш петпати повеќе, а некогаш и повеќе од тоа. Ограничената достапност или тесниот опсег на семејните политики непропорционално ги погодува жените, честопати принудувајќи ги да избираат помеѓу вработување или раѓање деца. Резултатот од недостатокот на пристап до ресурси и економска независност, како и недоволната искористеност на вештините и потенцијалот на жените, доведува до намалена економска продуктивност и побавен целокупен раст. Покрај тоа, недостатокот на родово одговорни семејни политики ги лишува децата од клучните можности за учење и го попречува нивниот развој, што го намалува нивниот потенцијал за иден економски придонес и придонесува за нееднаквост, со што им отежнува на земјите да го изградат човечкиот капитал неопходен за инклузивен социоекономски развој и демографска отпорност. Неодамнешното мапирање на семејните политики во 21 земја и територии во Централна и Источна Европа и Централна Азија открива различни нивоа на напредок и значајни предизвици: Мајчинско отсуство: Законски пропишано во сите земји и територии, со времетраење од 16 до 52 недели. Меѓутоа, достапноста на финансиски бенефиции и целокупната достапност варираат, при што самовработените мајки се честопати исклучени. Татковско отсуство: Повеќето земји и територии имаат законски одредби, но не и во Грузија, Туркменистан и Узбекистан. Онаму каде што е достапно, отсуството е честопати кратко (на пример, 7-14 дена) со мало искористување поради несоодветна компензација или загриженост за работното место и покрај позитивното влијание врз поврзувањето на таткото и детето и оспорувањето на родовите норми. Родителско отсуство: Достапно во речиси сите земји и територии, но подобноста е ограничена на мајките во три од нив. Времетраењето варира во голема мера (од 44 работни дена до 156 недели), а различните нивоа на надоместоци влијаат врз користењето, особено кај татковците. Самовработените родители во седум земји немаат пристап до парични бенефиции. Чешка е единствената земја што им дава родителско отсуство на истополовите родители. Негувателско отсуство: Деветнаесет земји обезбедуваат негувателско отсуство, но тоа е платено само во шест земји и не секогаш во целост, а честопати е ограничено на негата за децата. Флексибилни работни аранжмани: Работата со скратено работно време за родителите е вообичаена (14 земји и територии), но работата од дома (10 земји) и флексибилното работно време (7 земји) се помалку распространети, при што различните критериуми за подобност честопати се ограничени на мајки или родители на мали деца. Образование и нега во раното детство: Пристапот до прифатлива, висококвалитетна грижа за деца на возраст од 0-2 години е ограничен, што честопати бара значителни лични трошоци. Предучилишните системи за деца на возраст од 3+ години се почести (19 земји и територии), но трошоците сè уште можат да бидат пречка. Четиринаесет земји покажуваат значителен јаз без соодветно родителско отсуство, ниту пак законска грижа за деца достапна во подолги периоди. Семејни и детски бенефиции: Значително се разликуваат во подобноста и нивоата на бенефиции, што понекогаш придонесува за исклучување или стигма. Грантовите за раѓање се вообичаени, но надоместоците за посвојување се ретки. Врз основа на наодите од студијата, УНФПА повикува на одржливи и интензивирани напори за развој и доследно спроведување на родово одговорни семејни политики. Ова бара: ● Приоретизирање на родово одговорните семејни политики во националното креирање политики. ● Справување со постојните јазови во политиките и предизвиците за нивно спроведување. ● Активно оспорување на дискриминаторските родови норми преку едукативни кампањи и кампањи за подигнување на свеста. ● Промовирање на споделувањето на неплатената работа за нега и домашната работа меѓу жените и мажите во домаќинствата. ● Значително зголемување на пристапот до прифатливо и квалитетно образование и нега во раното детство, како и соодветни семејни и детски бенефиции за намалување на јазот во грижата за децата. ● Активно поттикнување на мажите да користат татковско и родителско отсуство преку соодветна компензација и култура која промовира поддршка на работните места. ● Зајакнување на соработката помеѓу владите, приватниот сектор и граѓанското општество за подобрување на постојните одредби и воспоставување нови, сеопфатни системи за поддршка на семејствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКаде завршија танкерите со со руски дизел за САД?Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки.Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки, откако два од првите три танкери што го носат руското гориво ги сменија своите првични дестинации. Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, се пренасочи од својата рута кон американскиот атлантски брег и влезе во Средоземното Море, објави „Фајненшл тајмс“ (FT). Бродот е во близина на брегот на Алжир и испраќа сигнал „чекајќи инструкции“, што укажува дека сè уште не потврдил купувач или пристаниште каде што ќе го истовари својот товар. Вториот танкер, „Леруо“, кој е под знамето на Сиера Леоне и е во сопственост на компанија од Хонг Конг, ја смени својата дестинација во Бразил. Тој брод е исто така под санкции наметнати од ЕУ, Велика Британија и Канада. Регулаторните и санкциите ризикуваат да ги запрат испораките Третиот танкер, „Агиои Фанедес“, кој првично го сигнализираше Њујорк како своја дестинација, сè уште плови кон североисточниот брег на САД, но ниту тој нема потврдено пристаниште за истовар. Неговиот сопственик, грчката компанија „Истерн Медитеран Маритим“, изјави дека бродот продолжува со своето патување во исчекување на инструкции, бидејќи пристаништето каде што ќе се истовари товарот сè уште не е одредено. Мат Смит, аналитичар во „Кплер“, рече дека не би било изненадувачки ако и тој танкер го промени курсот и го напушти американското пристаниште, со оглед на претпазливоста на потенцијалните купувачи поради регулаторни, правни и санкциони ризици. Во меѓувреме, друг танкер, „Бист“, исто така плови кон американскиот атлантски брег. Овој брод натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври. Според податоците што ги цитира „Фајненшл тајмс“, првите три танкери требало да транспортираат вкупно околу 140.000 тони руски дизел. Ова се првите пратки опфатени со привремена дозвола од американските власти, издадена откако Трамп објави договор со Путин на 9 октомври за ублажување на ограничувањата за извоз на руски дизел.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter