Стојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултати
2Стојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултати
КултураУНЕСКО: Поради војната во Украина е загрозено светското културно наследство Десетици вредни цркви, историски места и музеи се оштетени во војната во Украина, а владата е особено загрижена за ситуацијата во северниот град Чернихив, соопшти УНЕСКО.Минатиот месец, УНЕСКО ги засили заштитните мерки за загрозените културни богатства на Украина со користење на знакот „Син штит“ за обележување на културните места и споменици. „Многу сме загрижени за ситуацијата во Украина, на хуманитарно и културно ниво. Наследството на човештвото е под закана“, рече Ернесто Отоне, помошник генерален директор за култура на УНЕСКО. Според прелиминарниот список, целосно или делумно се уништени 29 верски објекти, 16 историски објекти, четири музеи и четири споменици. Шефот на УНЕСКО Одри Азуле му напишал на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на март дека Русија е потписничка на конвенцијата за заштита на културните богатства за време на војна. Засега не е добиен одговор. Москва најави намалување на интензитетот на воените операции во близина на Киев и блискиот Чернихив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓањеВо текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја. Ќе се отворат кластери за преговори за Украина и за Молдавија, ќе се затворат повеќе поглавја, две односно три, за Црна Гора и Албанија. Притоа, со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда. А притоа, и за време на последната посета на еврокомесарката Марта Кос, која јасно, гласно и недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека, благодарение на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ние на тој пат повеќе не сме. Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија. Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија. Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација. Кога има сè повеќе информации и официјални извештаи на Европскиот парламент кои укажуваат дека има силно руско влијание во регионот, дека има центри во Србија на разузнавачките руски служби кои влијаат на земјите во регионот и го поткопуваат нивниот суверенитет и го забавуваат пристапувањето во Европската Унија, очигледно е дека една од тие земји во кои овие активности имаат резултат е Македонија. Остануваме надвор од сите европски текови, подложни на силно влијание на процеси кои му штетат на евроинтегративниот процес, кој со децении наназад е стратешка определба на нашата земја. Се поставува прашањето: гледаат ли граѓаните што се случува и каде и на кој начин Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја водат земјата? Иднината на државата е неизвесност. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш досега, кога никогаш досега немале поддршка земјите-кандидати да станат земји-членки на Европската Унија, меѓу другото и поради во овој момент многу карактеристичните геополитички и геостратешки придвижувања насекаде во светот, посебно во Европа, ние остануваме на страна. Остануваме под влијание на други земји кои немаат интерес регионот и Македонија да се интегрираат во Европа. Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со кој знае колкави камати, кои ќе ги враќаат следните генерации. Каде води тоа? Тоа води таму каде што веќе сега ги чувствуваме првичните резултати: пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите, на просечната и на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери, несигурност кај пензионерите, затоа што не се знае и Владата не кажува што се случува со вториот пензиски фонд, кој треба да се менаџира за идните пензионери да примаат пари од таму. Напротив, се поткрева и кај нив сомнежот за тоа дали воопшто ќе има пари за исплата на пензиите. Понатаму, хаос во земјоделството, луѓе кои не можат да преживеат поради тоа што немаат доволно средства, немаат субвенции од државата, и сето тоа Владата на некој начин сака да го маскира со тоа што предлага еден ребаланс кој не е ништо друго туку бројки на хартија, кои никако нема да можат да се остварат, впрочем како што не се оствари ниту овој буџет што се носеше на почетокот на годината. Префрлување од едно место на друго, закрпување дупки, нешто од што ниту граѓаните ќе видат некаков бенефит, а уште помалку државата во целост, во контекст на остварувањето на стратешките цели. Притоа, единственото нешто што го прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единственото нешто во што е добар. За жал, граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука течат мед и млеко, но граѓаните знаат дека тоа не е вистина, затоа што фрижидерите и паричниците едноставно им се сè попразни. Следуваат тешки есенски месеци, во кои не се знае колкава ќе биде цената на струјата, што ќе покрене дополнителен бран на поскапувања. Политичката изолација носи економско упропастување на земјата. Со блокадата на европската иднина ризикуваме да останеме последни во регионот. Ризикуваме да останеме слепо црево на Балканот, на Европа, земја од која младите единствено ќе мислат како да се иселат, поради тоа што нема да имаат можности тука и ќе сакаат да живеат и да работат во нормални, европски, развиени земји. Очигледно е дека сме заложници на Христијан Мицкоски и на неговата криминална група, за која единствено нешто за кое работи се нивните лични интереси. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултатиИ покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено значајно е што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите кои најдиректно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и токму затоа овие бројки се најдобар показател дека мерките даваат резултати. Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за месец јуни. За споредба: - Македонија – 3,4% - Грција – 3,9% - Хрватска – 4,5% - Бугарија – 5,6% - Словенија – 3,6% - Турција – 32,1% И податоците од соседните земји кои засега имаат објавено статистика за мај покажуваат дека Македонија останува помеѓу државите со најниска инфлација во регионот. Дека во многу држави инфлацијата останува сериозен предизвик е јасно, но во Македонија се покажува дека со одговорни политики, навремени мерки и стабилно економско управување може да се заштити животниот стандард на граѓаните. Фактите и бројките се најсилниот одговор на сите обиди за создавање лажна слика за економската состојба. Владата ќе продолжи со политики кои обезбедуваат стабилни цени, поддршка за граѓаните и силен економски раст. Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓаниИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Охрид.„Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам во делот на инвестициите во Охрид од повеќе од тоа што го слушнавме од градоначалникот. Гледаме дека се работи се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа. Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид ако биде се како што треба првиот квартал од следната година и оваа година есента очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, така што ќе се зголеми делницата којашто ја користат граѓаните како автопатска за уште дополнителни километри. Очекувам на тој начин да се намали растојанието и патувањето од неколку градови во Македонија до Охрид и на тој начин уште повеќе туристи да го посетуваат Охрид, за тоа му честитам на градоначалникот за тоа што го правел изминативе години и за тоа што го прави сега и за тоа што слушнавме дека ќе го прави навистина импозантно и импресивно. Би сакал да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот во Општина Охрид, би сакал исто така и на администрацијата бидејќи без квалитетна администрација вие не можете да подготвите проект ниту успешно да ја работите работата којашто ја работите, на пратениците коишто доаѓаат од Охрид коишто секогаш се борат за проект повеќе за да Охрид добие Охрид повеќе, на колегите од владата тука е потпретседателот и министер за транспорт, министерката за образование којшто исто така голем дел од својот фокус посветуваат на Охрид и на овој дел да може да се развива онака како што го заслужува. Благодарност и до директорката и до персоналот во гимназијата бидејќи овој објект континуирано се реновира, се инвестира во него, така што ова е тоа што го очекуваат граѓаните од луѓето на коишто им ја дале довербата да ја водат и ние како Влада, локалната самоуправа, градоначалникот со својот тим овде ќе продолжиме и понатаму да својот фокус го ставиме во Охрид и испорачуваме проекти коишто ќе додадат вредност во квалитетот на животот на охриѓани и на граѓаните во Македонија. Така што уште еднаш честитки за сите и вака да продолжиме во годините коишто следат.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter