3Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното
ЗдравјеУНАИДС предупредува дека прекинот на помошта од САД се заканува да го забрза ширењето на ХИВБројот на нови ХИВ инфекции би можел да се зголеми за повеќе од шест пати до 2029.Бројот на нови ХИВ инфекции би можел да се зголеми за повеќе од шест пати до 2029 година ако се намали поддршката на САД за најголемата програма за СИДА во светот, рече Вини Бјањима, извршен директорка на агенцијата на Обединетите нации за борба против болеста (УНАИДС), предупредувајќи дека милиони луѓе би можеле повторно да се појават и да умрат. Бројот на нови ХИВ инфекции се намалува во последниве години, при што се очекуваат 1,3 милиони нови случаи во 2023 година, што е пад од 60 отсто од врвот на вирусот во 1995 година, рече Бјањима. Но, бидејќи претседателот Доналд Трамп објави дека САД ќе ја прекинат сета странска помош на 90 дена, официјалните лица проценуваат дека може да има 8,7 милиони нови случаи на ХИВ инфекција до 2029 година, како и десеткратно зголемување на смртните случаи поврзани со СИДА - на 6,3 милиони - и дополнителни 3,4 милиони деца ќе останат сирачиња. -Ќе видиме раст на оваа болест. Тоа ќе одземе многу животи ако американската влада не го промени својот став и не го задржи своето лидерство, рече Бјањима. Истакнувајќи дека не е нејзино место да ја критикува политиката на која било влада, Бјањима апелираше до администрацијата на Трамп да не ја задржува помошта бидејќи тоа ќе предизвика „паника, страв и конфузија“ во многу африкански земји, најтешко погодени од СИДА. Извршната директорка на УНАИДС истакна дека губењето на американското финансирање за програмите за ХИВ е катастрофално за некои земји бидејќи околу 90 отсто од нивните програми зависат од надворешно финансирање, главно од САД. Речиси 400 милиони долари одат во земји како Уганда, Мозамбик и Танзанија, истакна Банџима, додавајќи дека суспензијата на помошта од САД нема никаква економска смисла, бидејќи дури и американската компанија која финансираше истражување и иновираше производство на соодветни лекови кои спречуваа нови инфекции е погодена. Бјањима нагласи дека помошта за борба против ХИВ изнесува помалку од еден процент од буџетот на САД и дека досега ниту една земја или организација не чекорела напред за да ја пополни таа празнина. -Луѓето ќе умрат затоа што се лишени од ресурси кои спасуваат живот, рече таа, додавајќи дека планира да посети многу европски метрополи и да разговара со глобалните лидери. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за СДСМВо нивната анкета стои 19,3 проценти. Од околу 32 на изборите, пад на 19. Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката. 41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство. Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги. Економијата е во колапс. Втор ребаланс за четири месеци, трет најавен. За пензиите фалат околу милијарда, а вториот пензиски столб нема пари. Во буџетот фалат 1,3 милијарди. За две години долг од околу 4 милијарди, повеќе од половина од независноста. Нема зголемување на минималната плата. Левица, нивниот сателит, не влезе ни во салата. Ова е дипломатија на намерни конфликти. Целосна изолација. Нема поле каде што се успешни. Народот ги виде лагите со кои дојдоа на власт. Нема веќе предавање на национален интерес. Единствен предавач е организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски. Тимчо Муцунски потврди - Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. Преспа, вели Мицкоски е ремек-дело. Сиљановска: идентитет, јазик и култура се заштитени. Европа го потврди тоа. Последна во низата, претседателката на Комисијата, рече не се преговара со Бугарија, се преговара со ЕУ. Намерни провокации: прво фашисти, па коњопој, пред средба на Муцунски со бугарската министерка. Условот за кандидатите за ЕУ е соработка со независното обвинителство и соработката со Лаура Ковеши. А потоа, некој мора да понесе одговорност. Затоа е паниката. Затоа платеници- ЗНАМ, кои што ја предаде партијата па гласачите и Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони тендер. Руската Левица, која е анти-ЕУ, анти-НАТО, против стратешкиот партнер Америка, кои што не гласаа за платата на работниците. Целта е да ја запрат единствената опозиција. СДСМ ја враќа довербата токму сега, кога граѓаните знаат дека сè било лага. Секој ден гледаат задолжување, провизија, рудник за трговец со оружје, дата центри за туѓа дигитализација, провизија за арамијата. За народот вели талог, глодари, медиокритети, а за себе елита и институција. Најпосле ВМРО го призна падот. Вистинскиот е поголем. Повеќе не можеше да се штелува, затоа што и за ова веќе никој не им верува. Се сеќавате на анкетите во Унгарија. И на изјавите на ВМРО за победа на менторот на Мицкоски и заштитникот на бегалец Грујевски - Виктор Орбан. Што се случи? Народот победи. Наскоро народот ќе победи и тука. Власта ќе биде во рацете на граѓаните. Нема анкета што ќе ги спаси од правдата. Од неа не се посилни. Скопје, 10.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПоезија од Мозамбик во срцето на Прилеп„Да живее Македонија, да живее Мозамбик“, слемираа Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре, гостинките слемерки од Мозамбик, на фестивалот „Поетски слем Македонија“, кој четири дена се одржува во Прилеп.Во полната сала на киното „Мис Стон“, публиката имаше можност одблизу да го почувствува пулсот на Африка, со поезија во која беа испреплетени традицијата и современите социјални горливи расни, политички и родови прашања. Елијане Лусија Леонардо Бутелане е писателка, слемерка и активистка од Мапуто, Мозамбик, добитничка на повеќе национални книжевни награди и признанија, како и национална претставничка на својата земја на Светското привенство во слем -поезија во 2025 година, кое се одржа во Париз, Франција. Наташа Сокре е писателка, активистка, слемерка од Мапуто, Мозамбик, голем борец за човекови права, чиј збор поттикнува поголема општествена свесност за правата на жените, децата, родовата еднаквост и социјалната неправда. Повеќе пати ги освојува првите три места на поголем дел од слем-натпреварите во Мозамбик. Покрај настапот на гостинките-слемерки, втората фестивалска вечер се одржа и полуфиналето за слем-поезија, на која најмногу поени добија Стефанија Граовац, Тони Павлески и Лилјана Сливоска. Тие вечерва во финалето ќе се натпреваруваат со Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје. Третиот фестивалски ден ќе се одржат и неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување. Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ со почеток во 18 часот. Фестивалот свечено ќе се отвори со слем-караванот, кој ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески. Главното слем-финале ќе се одржи во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, по што следи концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј (Бранислав Николов), заедно со „Хот џез оркестра“. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Годинешниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското, а како подарок ќе добие часовник од брендот „11и11“. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектиранотоЗадолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела .Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија. До крајот на годината ќе се реализираат задолжувања само што се планирани во Буџетот и Ребалансот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување. „Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, рече министерката и појасни дека заради промена на состојбата на пазарите е направено задолжување на меѓународниот пазар и дека генерално со домашно задолжување ќе се заокружи дефицитот за годинава. Наведе дека се следат состојбите, се прават калкулации и се избираат опции за пониски камати. При тоа посочи дека до крајот на годината нема да има издавање на еврообврзница. „Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на Еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста за следната година да издадеме 2 еврообврзници или да имаме два различни типови на задолжување. Не сме одлучиле дека ќе биде во јануари, може и февруари. Но како и да е секако еден дел обврзница треба да имаме за да може да ја сервисираме Еврообврзницата издадена во 2023 година, а која доспева во 2027 година која беше со каматна стапка повисока од 6%. Значи дека каматната стапка тогаш била поприлично висока“, посочи министерката. Во интервјуто се осврна на Ребалансот на Буџетот којшто беше усвоен од страна на Владата. При тоа се посочи дека капиталните расходи кај кратењето е по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека има одложување на проекти кај кои нема реализација согласно планот, а дека нема кратење на проекти кои што имаат редовна динамика на реализација. За инфлацијата изрази очекувања дека ќе се стабилизира, додека во врска со подготовката на Буџетот за наредната година посочи дека се работи и дека ќе се движи во рамки на Фискалната стратегија, а од проритети ќе бидат здравството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter