УМПАКИ на кралски прием во Лондон: Потврда за важноста на македонските креативни индустрии - Канал 5

УМПАКИ на кралски прием во Лондон: Потврда за важноста на македонските креативни индустрии

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии - УМПАКИ Скопје, присуствуваше на свечениот кралски прием во палатата „Сент Џејмс“ во Лондон, во организација на Неговото Височество, Кралот Чарлс III.

УМПАКИ на кралски прием во Лондон: Потврда за важноста на македонските креативни индустрии

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии - УМПАКИ Скопје, присуствуваше на свечениот кралски прием во палатата „Сент Џејмс“ во Лондон, во организација на Неговото Височество, Кралот Чарлс III како дел од официјалната македонска делегација составена од истакнати креативци и професионалци. Приемот се одржа во рамки на Самитот за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, се вели во соопштението од УМПАКИ Скопје, што МИА го објавува интегрално.

Настанот претставуваше ретка можност за дијалог и размена на искуства и ја потврди посветеноста на британското кралско семејство и Британската влада за културната дипломатија и меѓународната соработка.

- Голема чест е што бевме дел од овој престижен прием и што лично се сретнавме со Неговото Височество, кралот Чарлс III. Топлиот пречек и искрениот интерес за нашата работа оставија силен впечаток. Искрено сме благодарни за оваа уникатна можност и за поддршката и признанието што им се укажуваат на креативните професионалци од нашата земја – вели Кирил Ѓозев, претседател на УМПАКИ.

Присуството на УМПАКИ го истакна растечкото значење на креативните индустрии како двигател на иновациите, вработувањето и одржливиот економски раст. Овој сектор не само што придонесува за вработување, иновации и одржлив раст, туку и ги зајакнува културните врски и ја поттикнува регионалната соработка.

Преку своите проекти, партнерства и застапување, УМПАКИ продолжува да гради врски меѓу креативните професионалци во регионот, промовирајќи соработка и поголема видливост на македонската креативна заедница на европско ниво.

- Посетата беше потсетник дека креативноста е искра што ги поврзува луѓето на уникатен начин. Со таа искра се враќаме дома. Се враќаме мотивирани да градиме посилни мостови меѓу уметноста, технологијата и образованието, да поврзуваме луѓе, градови и идеи, и да поттикнеме проекти што ќе ја раскажат приказната за извонредниот талент и визијата на нашиот регион - изјави Елена Бојаџиева-Цветковска, креативен директор на УМПАКИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. 

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија.

ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.

Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.

Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.

Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.

Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше.

Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.

Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност.

Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.

Оставка Панче!

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик.

Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик.

СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус.

Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?!

 Неуспешниот настап на Сенегал на Светското првенство во Северна Америка покрена низа прашања, а едно од најголемите се однесува на медицинскиот тим на репрезентацијата.

Неверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?!

Претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фал, на прес-конференција изјави дека лекарот на репрезентацијата немал соодветна специјализација за работа со националниот тим за време на Светското првенство.

„Лекарот по професија е гинеколог. Тоа го дознавме доцна, а меѓу играчите постоеше загриженост во врска со нивото на медицинска поддршка што ја имаа“, рече Фал.

Според него, репрезентативците немале доволно доверба во докторот, па затоа Здружението било принудено да ангажира дополнителни експерти за да го увери тимот.

„Врз основа на информациите што ги добив, играчите не биле доволно убедени дека имаат соодветна медицинска поддршка. Моравме да обезбедиме дополнителни експерти за да се чувствуваат побезбедно, бидејќи здравјето е пред сè“, рече претседателот на Здружението.

Сепак, Здружението за спортска медицина на Сенегал ги отфрли овие тврдења, нарекувајќи ги неосновани и клеветнички.

Во соопштението за медиумите се наведува дека докторот на тимот Абдераман Федиоре има специјалистичка диплома по спортска медицина и спортска биологија, стекната на Медицинскиот факултет на Универзитетот Шеик Анта Диоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер