3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотУморни сте од молчење? Научете како да преговаратеКолкупати сте одложиле важен разговор бидејќи не сте знаеле како да го започнете? Колкупати подоцна во себе сте се преиспитувале: „Зошто не кажав така“?Во многу ситуации жените знаат што сакаат. Знаат дека заслужуваат подобра плата, појасна поделба на обврските, поголемо почитување или едноставно – повеќе простор за себе. Меѓутоа, помеѓу желбата и изговорената реченица најчесто стои страв. Страв од конфликт, страв од тоа да бидат погрешно сфатени, страв да не се наруши односот. Затоа комуникацијата станува место на внатрешна борба. Наместо да биде алатка за разбирање и договор, таа станува извор на анксиозност и преиспитување. Вештина на дијалогот – Како да го кажете она што ви е важно Дијалогот не е монолог или разговор без поента. Тој подразбира рамнотежа – помеѓу изговореното и сослушаното, помеѓу сопствените потреби и туѓите очекувања. Многу жени растеле со пораката дека треба да бидат прилагодливи, стрпливи и фини. Тие особини сами по себе се проблем, проблемот е кога прилагодувањето прераснува во постојано потиснување на сопствениот став. Вештина на дијалогот значи да умееме : да го кажеме она што го мислиме без напад да поставиме граници без драма да го задржиме мирот дури и кога разговорот е непријатен. Тоа е способноста да кажеме: Ова ми е важно; со ова не се согласувам; ова не можам да го прифатам. Без потреба да објаснуваме во 10 реченици, без иронија, без пасивна агресија. Дијалогот станува квалитетен дури кога во него се појавуваат двете страни- и вие и соговорникот. Ако постојано се повлекуваме или постојано се браниме, рамнотежата е нарушена. Асертивната комуникација ја враќа таа рамнотежа. Зошто е преговарањето важно? Преговарањето често се врзува со деловните состаноци и разговори за плата, но вистина е дека преговараме секој ден – и тоа многу почесто приватно отколку во професионалниот живот. На пример, преговараме кога со партнерот се договараме кој ќе го земе детето од школо, кога одлучуваме кој ќе остане дома кога детето е болно, или кога ги распределуваме домашните обврски или го планираме семејниот буџет. Во тие ситуации, често не се доживуваме како „преговарачи“, туку како личности кои треба да имаат разбирање и да бидат флексибилни. Па наместо да прашаме: Како ќе го поделиме ова? Најчесто велиме: Јас ќе го средам тоа. Со тек на време, таквата динамика станува непишано правило. Едната страна презема премногу обврски, а другата се навикнува помалку да учествува, а незадоволството се зголемува - без отворен разговор. Преговарањето во партнерските односи не значи борба за контрола, туку рамноправно учество при носење на одлуки. На пример, „Оваа недела имам важна обука. Може ли да ги преземеш школото и тренизните“? „Важно ми е да ги поделиме обврските порамномерно. Ајде да направиме распоред кој ќе биде фер за двајцата“. „Не можам само јас да ги менувам плановите, ми треба и твоја поддршка“. Кога преговараме, не создаваме конфликт, туку стануваме појасни. Преговарањето ја враќа рамнотежата во секојдневните ситуации што често ги земаме здраво за готово. Тоа не е знак на себичност, туку знак за одговорност според сопственото време, енергија и граници. Активно слушање: основа на секој договор Комуникацијата не е само говор. Еден од најважните делови на преговарањето е способноста да ја слушнеме и другата страна. Активното слушање подразбира непрекинување на соговорникот за веднаш да реагираме да се обидеме да разбереме што стои зад барањето да провериме дали добро ја сфативме пораката Кога луѓето се чувствуваат сослушано, се намалува потребата за одбрана и повишување на тонот. Се отвора простор за решение. Активното слушање не значи откажување од сопствениот став, тоа значи дека разговараме за да се договориме, а не да победиме. Но пред секое надворешно преговарање, постои она внатрешното, пред да ја изговориме реченицата. Дали претерувам? Можеби не е вистински момент. Можеби е полесно да преќутам. Внатрешната борба најчесто е погласна од самиот разговор. Тоа не е слабост, туку резултат на годините навика да бидеме разумни, флексибилни и „добри“. Научени сме прво да провериме дали на другите им е во ред, пред да провериме дали нам ни е во ред. Затоа преговарањето не е само вештина на комуницирање, тоа е средба на сопствените стравови, од одбивање, неразбирање, од конфликти. Тука се појавува она што се нарекува тивка моќ. Тивката моќ не е во доминацијата, не е во потребата да бидеме погласни од другите. Таа се огледува во мирната одлучност. Во способноста да кажеме „не“ без драма. Да останеме смирени кога другата страна го повишува тонот. Да не се откажуваме од себеси, дури и кога е непријатно Тивката моќ значи дека знаеме кои сме и што ни е важно – и дека тоа можеме да го изговориме без потребата да се браниме. Токму таа комбинација на внатрешна стабилност и јасна комуникација го прави преговарањето силно. Не затоа што никого не го надвикуваме, туку затоа што престануваме да го потиснуваме во себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБелгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињатаБелгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико. Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението. People in Belgium will be able to smoke at restaurant terraces for a little while longer after the government announced it would be delaying its outdoor ban planned for early 2027. https://t.co/J1ZIcRXVDg — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) October 26, 2026 Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент. Тенденција присутна и во други земји од ЕУ Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата. Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми. Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Култура„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомвриНа 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ . „Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”). Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook