Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
2Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЗабаваУметниците покренаа тужба против вештачката интелигенција: „Уметноста е мртва“!Уметниците се огорчени од вештачката интелигенција која за неколку секунди ги копира стиловите на чијшто развој жртвувале години и решија правдата да ја побараат на суд.Бесот во уметничката заедница избувна минатата година со најавата на програмите на генеративната вештачка интелигенција (ВИ) кои извршуваат наредби како на пример, цртање куче како карикатуристката Сара Андерсен, или нимфи како илустраторот Карла Ортиз. Ваквите дела на вештачката интелигенција се изработуваат без согласност на авторот, без известување чиј стил е копиран и без надомест на изворниот уметник, и тоа е во срцето на борбата. Во јануари, уметниците, вклучувајќи ги Андерсен и Ортиз, поднеле тужба против трите модели вештачка интелигенција кои генерираат слики врз основа на уметнички дела пронајдени на Интернет, (DreamUp, Midjourney и Stable Diffusion). Поддржувачите на тужбата се надеваат дека ќе воспостават правен преседан кој ќе ги регулира генеративните програми што ги копираат стиловите на уметниците. Уметниците бараат креаторите на вештачката интелигенција да обезбедат лиценци за креирање на делата што се користат во програмите. Бараат и соодветен надомест. Надоместот може да биде во форма на лиценца, рече Ортиз, и треба да биде соодветна. Би било погрешно уметниците да „добијат неколку центи додека компанијата добива милиони долари“, додаде Ортиз, чија биографија вклучува работа за студијата Марвел. На социјалните мрежи, уметниците споделуваат приказни за изгубени работни места поради генеративната вештачка интелигенција. Во тужбата се наведува дека дизајнерот на видеоигри Џејсон Ален минатата година победил на натпревар во државата Колорадо со „уметност“ создадена со помош на „Midjourney“. „Уметноста е мртва, човеку. Готово е. Вештачката интелигенција победи. Луѓето изгубија“, изјавил Ален за Њујорк Тајмс. Музејот Mарицус во Холандија предизвика контроверзии со изложување на слика генерирана со вештачка интелигенција инспирирана од „Девојката со бисерната обетка“ на Вермер. Балетот во Сан Франциско, во меѓувреме, предизвика хаос со користењето на „Midjourney“ за создавање илустрации што биле користени во промотивниот материјал за претставата Оревокршачка во декември. „Тоа е природна последица на нешто што е едноставно, евтино и достапно“, рече Андерсен. „Секако дека ќе ја искористат таа опција, дури и ако е неетичка“, додаде таа. Компаниите за вештачка интелигенција наведени во тужбата не одговорија на барањата за коментар. Компаниите кои се бранат од тужбите на уметниците за прекршување на авторските права, најверојатно ќе тврдат станува збор за „фер употреба“, а понекогаш е дозволен исклучок. Според адвокатот и прогамер Метју Батерик, вештачката интелигенција го „цица“ животот од човештвото така што ги принудува луѓето да се откажуваат и да не создаваат нови дела. Уметниците за да се одбранат од генеративната вештачка интелигенција не се свртеа само кон судовите, туку и кон технологијата. На повик од уметниците, тим од Универзитетот во Чикаго минатата недела го лансираше софтверот „Glaze“ за заштита на оригиналните дела. Програмата додава слој на податоци преку сликите кои, иако се невидливи за човечкото око, делуваат како одбрана од вештачката интелигенција, рече Шон Шан, докторант задолжен за проектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од КумановоЖителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности. Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја... Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесувањеПретседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина. Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат. Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка. Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени. Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија. Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада. Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезонаДва дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, односно утре, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. Причината, велат од ЕСМ, е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени, со што се исполнуваат условите за испорака на топлинска енергија. - Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска АД ЕСМ. Оттаму посочуваат дека според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter