Уметнички дела од 54 автори избрани на првиот конкурс за откуп - Канал 5

Уметнички дела од 54 автори избрани на првиот конкурс за откуп

Дела од 54 македонски автори се избрани на првиот конкурс за откуп на уметнички дела, кој Министерството за култура го објави на крајот на 2013 година.

Уметнички дела од 54 автори избрани на првиот конкурс за откуп
Откупот на уметничките дела е меѓу стимулативните мерки со кои Министерство има намера да го збогати националниот фонд на дела, да го поттикне домашното уметничко творештво и да ја афирмира уште понагласено улогата и статусот на авторот. Со делата ќе бидат збогатени музејските збирки, а некои од нив ќе ги украсуваат просторите во институции или министесттва.

На конкурсот пристигнале 228 пријави за 605 дела, кои беа разгледани и оценети од стручна комисија во состав: Викторија Васева–Димеска, Захаринка Алексоска-Бачева, Маја Неделковска-Брзанова, Сафет Ахмети и Конча Пирковска.

Резултатите од првиот откуп денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во присуство на членовите на комисијата и на дел од избраните уметници.

- Според јасно утврдените критериуми и потребите на нашите институции, комисијата изврши избор на дела на 54 автори кои дале исклучителен, индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, автори потврдени промотори, иницијатори на одредени појави, движења и стилови во националната ликовна уметност, уметници кои учествувале на значајни групни изложби или манифестации во земјава и во странство, како и дела од млади уметници со истакнат ликовен израз, рече Канческа-Милевска.

Соопшти дека деновиве ќе биде објавен конкурс за откуп на уметнички дела за 2015 година и апелираше уметниците да ја достават целосната документација што се бара во конкурсот затоа што поради нецелосна документација на првиот конкурс не биле прифатени апликации и на реномирани уметници.

Министерката информираше и дека е двојно зголемен буџетот за ликовна дејност за наредната година во однос на 2014-та и дека нема да изостане и поддршката за претставување на македонските автори на познатите манифестации во странство, во културно-информативните центри во Софија и Њујорк и за престојот во ателјето во Париз.

Конча Пирковска, член на стручната комисија која ги избираше делата, на прес-конференцијата рече дека пресуден критериум за избор на делата бил нивниот квалитет, а дека цените за откуп се одредени според целокупниот расположив буџет од 4 милиони денари. Просечната цена за откуп е околу 3.000 евра. Имало автори кои за своите творби побарувале цена колку што е севкупниот буџет за откуп.

- Бевме строги во однос на сите пријави. Авторите најчесто пријавуваа по три дела, имаше и по две. Во однос на цените се движевме во рамки на буџетот и бевме приморани да ги намалиме цените иако можеби некои автори не се задоволни од тоа, истакна Пирковска, која подвлече дека значајно е што ваков начин на збогатување на уметничките фондови се прави првпат по три децении.

Избраните автори ќе одлучат дали ќе ги прифатат понудените цени за откуп, а најголем дел од нив се согласни. Конкурирале речиси сите познати македонски уметници, но помалку млади автори зашто во конкурсот било наведено да се афирмирани творци.

Се пријавиле и колекционери кои понудиле дела од збирките што ги поседуваат но, според оценката на комисијата, тие не ги одразувале највисоките творечки критериуми на авторите. Од некои познати македонски автори се одбиени дела за откуп зашто е оценето дека од одредена фаза на нивното творештво веќе има дела во музејските збирки. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Го информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија.

Овој пат тоа го прави со економските показатели.

Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.

Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Што велат овие меѓународни институции?

Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер