Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома" - Канал 5

Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома"

 На плоштадот „Македонија" се одвива акцијата „Облечете папучи и Седете дома".

Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома"

Организаторите на акцијата информираат дека оваа акција е наменета за да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. Велат дека за претставување на оваа интервенција ги избрале папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода" за време на изолација.

– Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание") сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас, велат организаторите на акцијата.

Оттаму велат дека оваа акција е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“.

„Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.

Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули.

Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидат

Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидат

Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.

Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита.

Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата?

Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус

Вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски

Оливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски

Кој ќе понесе одговорност по масовното труење во Гостивар?

Зошто институциите повторно потфрлија во заштитата на граѓаните?

Успеа ли СДСМ да се консолидира и да фунционира како конструктивна и силна опозиција?

Може ли земјава да напредува кон ЕУ без нови условувања, ќе најдат ли власта и опозицијата заеднички јазик?

Јана Јосифоска во Вести Плус со Оливер Спасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер