Уметницата Кристина Зимбакова на Светското биенале за хартиена уметност - Шангај 2025 во Кина - Канал 5

Уметницата Кристина Зимбакова на Светското биенале за хартиена уметност - Шангај 2025 во Кина

Ликовната уметница Кристина Зимбакова учествува на Светското биенале за хартиена уметност - Шангај 2025 во Кина. 

Уметницата Кристина Зимбакова на Светското биенале за хартиена уметност - Шангај 2025 во Кина

Биеналето се одржува во Музејот „Фенгксијан“ во Шангај, и трае од 1 ноември 2025 до 28 февруари 2026 г. Музејот е рангиран во прва категорија на музеите во Кина, а секој од избраните уметници се претставува со едно свое дело на хартија, најчесто рачно изработено.

Зимбакова која е единсвена претставничка од нашата земја, на изложбата е претставена со делото „Клета свадба“. Изработено е од мастило, акрил и габи (Antrodia juniperina, Аstraeus macedonicus, Chlorociboria sp., Fuscoporia sp., Rhytisma acerinum, Trichaptum biforme, Trichaptum abietinum и 5 неодредени вида) на рачно изработена хартија од габи; 37 x 37 cm; 2024 г..

Изложбата се одржува истовремено и во заедничка организација со Конгресот на Меѓународната асоцијација на професионалци и уметници за рачно изработена хартија (ИАПМА), со седиште во Дрезден, Германија, чија членка е и Зимбакова. Темата и на изложбата и на Конгресот е „Хартијата и водата“. Крајбрежниот град Шангај е град меѓу историјата и и традицијата, модернизмот и високата технологија, опколен со река од сите страни, со трговски врски јужно од реката Јангце и Источното Кинеско Море.

Зимбаква посочува дека создава хартија и пулпа од габи, на која „црта“ со лишаи, прави мозаик или вметнува поезија. Габите ги собира преку лични теренски истражувања по планините, а во соработка со научници од земјава и странство добива ретки или ендемични видови и од други континенти. Преку примената на габи во уметнички контекст, сликарката се стреми и да придонесе кон подигнување на свеста за зачувување на овие значајн и чудесни, но често запоставени организми.

Уметницата досега имала 11 самостојни изложби во земјава, Ирска, Грција и Бугарија, меѓу кои се истакнуваат: Универзитет „Аристотел“, Солун (2022); Сечена Скала (1,740 m), Беласица (2019); Факултет за уметност „Белфаст“, С. Ирска (2017); Собир на Европски совет за зачувување на габите, Охрид (2017). Учествувала на бројни групни изложби низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка. Нејзини дела има во збирките на Универзитетот „Оксфорд“ во Англија, Амбасадата на РС. Македонија во Вашингтон, Миколошкото друштво на Гран Канарија во Африка и Колеџот „Смит“ во САД. Престижни стипендии има добивано од Програмата за развој на Обединетите нации и од Меѓународниот институт за бои од габи од САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода: ​Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра

Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите.

Општина Кисела Вода: ​Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра

По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето.

-Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа цел на намерно уништување и полевање со моторно масло. Најостро го осудувам овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите. За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото.

Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќам силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани. Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца-истакна градоначалничакта Бети Стаменковска Трајковска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски Питу

Општина Карпош ја заврши комплетната реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во у.з. Кузман Јосифовски Питу, помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.25 и 35.

Општина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски Питу

Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед.

Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината. Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија. Алепираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валанчунас се врати во Европа

Литванската кошаркарска ѕвезда Јонас Валанчунас (34) ќе потпише двегодишен договор со Жалгирис.

Валанчунас се врати во Европа

Според локалните медиуми, едногодишната сага е завршена и Валанчунас се враќа во својата татковина.

Валанчунас се врати во Европа, по 14 години поминати „преку барата“. Изминатата сезона ја помина во Денвер, каде што пристигна откако неговиот трансфер во Панатинаикос не успеа.

Валанчунас ја започна својата кариера во Лиетвос Ритас, најголемиот ривал на Жалгирис. Во НБА, тој ги носеше дресовите на Торонто, Мемфис, Њу Орлеанс, Вашингтон, Сакраменто и Денвер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер