Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
1Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
3Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
СветУмерениот социјалист Антониот Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија Кандидатот на централно-левичарската партија Антонио Хозе Сегуро однесе убедлива победа на вчерашните претседателски избори во Португалија, победувајќи го десничарскиот популистички противник Андре Вентура, јавува ДПА.Сегуро, од Социјалистичката партија (PS), обезбеди околу 66,8 отсто од гласовите, објави државната телевизија RTP, по пребројувањето на поголем дел од гласовите. Вентура го призна поразот, додека Сегуро вети дека ќе им служи на речиси 10,5 милиони жители на Португалија. „Португалскиот народ е најдобриот народ во светот. Одлично“, им рече Сегуро на новинарите во првичната реакција на резултатите. „Со огромно чувство на граѓанска одговорност и посветеност на вредностите на нашата демократија“. „Победници вечерва се португалскиот народ и демократијата“, додаде проевропскиот политичар пред поддржувачите, пренесе германската агенција. Конзервативниот премиер Луис Монтенегро му честиташе на Сегуро за неговата изборна победа и изрази увереност дека ќе соработува добро со следниот претседател. Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, му честитаа на победникот на изборите. Околу 11 милиони гласачи со право на глас беа повикани да гласаат во трката за наследникот на конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуза, кој два мандата беше на чело на земјата. Португалскиот претседател има значителна моќ, вклучително и правото на вето на законите, распуштање на парламентот и распишување предвремени избори, потсетува ДПА. Се очекува победникот да ја преземе функцијата на 9 март. Тагови: Португалија Антониот Хозе Сегуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДСНа ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги. Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните. А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот. Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата. И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Овации за Лука Модриќ во Севиља Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид. Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим. Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља. Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации. Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит. Ovación a don Luka Modric. Menuda leyenda 🙏🏻 https://t.co/KFMhUsGNgU — (fan) Yihi (@YihiRM) September 29, 2026 Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен. Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови. Thousands of people have flocked to a waterfront park in the South Korean city of Busan to see a large shark that became trapped in a narrow canal. The 3.5-metre shark – nicknamed Bukang-i after Busan’s North Port – was first spotted in the waterway on 18 September. It has since… pic.twitter.com/kcskeeOr3g — Channel 4 News (@Channel4News) September 29, 2026 Ајкулата дури добила и прекар Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“. Trapped Shark Draws Over 600,000 Visitors in South Korea’s Busan | Asia One News A 3.5-metre shark trapped in a canal at Busan’s North Port has become an unexpected tourist attraction, drawing more than 600,000 visitors. Nicknamed “Bukang-i,” the shark was first spotted in the… pic.twitter.com/s0B0M4c0oZ — ASIA ONE NEWS (@AsiaOne_News) September 30, 2026 За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите. Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја. Извор: Индекс.хрТагови: ајкула Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter