Умерен оптимизам во таборот на Металург - Канал 5

Умерен оптимизам во таборот на Металург

Македонските екипи кои настапуваат во ракометната Лига на шампиони вчеравечер ги добија своите противници во групите, а во таборот на нашиот првак Металург владее умерен оптимизам.

Умерен оптимизам во таборот на Металург
- Познати се нашите противници во групната фаза, познат е и распоредот по кој ќе се играат натпреварите во новата сезона на Лигата на шампионите. Кај нашите ракометари владее умерен оптимизам и желба да се повтори успехот од претходните три сезони, соопштуваат од Металург.

Според капитенот Наумче Мојсовски, на Металург му претстои голема борба.

- Фаворити се екипите на Кил и на Пари Сен Жермен, но тука е и Загреб, клуб со голема традиција. Екипата на Натурхаус оваа сезона гради респектабилен тим, а опасен ќе биде и квалификантот, без разлика дали се работи за Брест Мешков или за Татран Прешов. Но, и покрај се, сметам дека шансите на Металург се сосема солидни и очекувам пласман во наредната фаза, вели Мојсовски.

Неговиот заменик на капитенската функција Ванчо Димовски изјави дека Металург заслужи да се најде меѓу фаворитите.

- Првпат не влечеа од вториот шешир и тоа нешто значи и вреди. Редно е другите да се плашат од Металург и нема да згрешам ако кажам дека влегуваме во тројката главни фаворити во групата, заедно со екипите на Кил и на Пари Сен Жермен. Не чека интересна сезона, голема борба, но и можност да ја задржиме позицијата која ја стекнавме во европскиот ракомет.

Металург минатите две сезони ја поминуваше групната фаза иако преку квалификации обезбедуваше место во Лигата на шампионите, а во новата сезона за првпат директно се пласира во елитното натпреварување, исто како и Вардар, вториот македонски претставник во ЛШ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Бројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји.

Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица.

Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина.

Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер