Уличната уметност – 30 години независност на Македонија - Канал 5

Уличната уметност – 30 години независност на Македонија

-Уличната уметност е се повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претствавува зачудувачка форма на уметнички израз, тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. 

Уличната уметност – 30 години независност на Македонија

Почнува мултимедијалниот настан „Уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов" што го организира филмската продукција „Дрим Фeктори" од Скопје во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност – Прилеп.

Станува збор за проект поддржен од Владата на Република Македонија преку Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Македонија. Со него е предвидена реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

Проектот опфаќа изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки докуметарни видеа за промоција и презентација на проектот, дејноста и делата на Блаже Конески и Стале Попов. Идејното решение и изведбата на муралите се на нашите познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

-Уличната уметност е се повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претствавува зачудувачка форма на уметнички израз, тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови. Уличната уметност сега живее и во виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси и неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и главната симболика на современоста. Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден модерен град, но исто така одлична можност да се даде и нота на препознатливост и уникатност на самиот град, како и преку истата да се презентираат и реактуелизираат познати и признати дејци од нашата историја, велат од „Дрим Фeктори".

Според нив, едно дело улична уметност може да го трансформира предметот на кој се појавува, но може да ја трансформира и целата локална заедница во која престојува.

-Ова е уникатен начин да се одбележи и главната цел 30 години независност на нашата држава. Реактуализацијата како процес обезбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат медиуми и техники за модерно прикажување и заживување на лица, дела, настани. Еден од начините за реактуелизација на наши познати дејци од разни области, е токму и уличната уметност, нов начин на културно изразување и консумирање на културниот производ кој повторно ќе ги направи атрактивни и секако, разбирливи и достапни за новите генерации нашите големи истакнати имиња, додаваат од „Дрим Фeктори".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“.

Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација.

Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот.

Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.

Седница за опозициски прашања во Собранието

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања.

Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Европскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0.

Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот.

Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија.

Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута.

Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“.

Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер