Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва
1Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва
СветУкрал авион и направил хаос на аеродромот во Ванкувер- итно одложени сите слетувања и полетувања (ВИДЕО)Украден приватен авион предизвика привремено затворање на воздушниот простор над меѓународниот аеродром во Ванкувер, еден од најпрометните во Канада.Цесна 172 полетала од меѓународниот аеродром Викторија, каде што се користи за обука на пилоти, и летал околу 65 километри северно кон Ванкувер, каде што почнал да кружи, објави CNN. „Имаме киднапиран авион во близина на аеродромот“, ги предупреди контролорот на летање другите авиони од кулата, според аудио-снимка од веб-страницата LiveATC.net. „За секој случај, ако дојде кон вас, имате слобода да се засолните.“ Луѓето на земјата го гледале авионот како лета ниско и кружи, додека контролорите на летање ги пренасочувале другите авиони. Еден од тие авиони бил Боинг 737 на Вестџет, кој морал да го прекине слетувањето поради „непослушната Цесна 172“ која ја преминала пистата околу 4 милји (6,5 километри) пред него. „Правеше прилично остар свиок на мала надморска височина“, изјави сведокот Пол Хини за филијалата на CNN, CBC. „Помислив: „Леле, се прашувам дали е во неволја.“ Украдениот авион на крајот безбедно слетал на Меѓународниот аеродром во Ванкувер, каде што веднаш бил опкружен од полиција. Осомничениот, чиј идентитет не е објавен, бил единственото лице во авионот и е уапсен. Avsec crisis ! A suspect was arrested at Vancouver International Airport (YVR) after allegedly highjacking a light aircraft from the Vancouver Island area on Tuesday (July 15). Richmond RCMP received the report that a Cessna 172S Skyhawk SP (C-GTLF) had reportedly been… pic.twitter.com/lV9PbTfmRb — FL360aero (@fl360aero) July 16, 2025 „Безбедносен инцидент со мал приватен авион во воздушниот простор во близина на YVR предизвика привремено прекинување на пристигнувањата“, соопшти аеродромот. Авионите биле приземјени 39 минути, а девет летови биле пренасочени кон други аеродроми. Полицијата и аеродромските власти не дале никаков мотив или дополнителни објаснувања за тоа зошто авионот бил украден.Тагови: авион аеродромот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрваЗа време на активноста на граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари.Денеска (23.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Теарце и претставници од ЈП ,,Национални шуми" на неколку локации на подрачјето на Полициското одделение Теарце спроведоа превентивна активност под мотото ,,Пламените јазици се незапирливи“. За време на активноста на граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари. Исто така, на возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети затоа што на тој начин ја загадуваат природата. Воедно, населението беше запознаено и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или пак предизвикување пожар. За време на активноста беа делени и летоци со информативно-едукативни содржини. Полициската станица Делчево, исто така, денеска реализираше превентивна активност. Активниста беше спроведена во содејство со Регионалниот центар за гранични работи Исток и Шумска полиција на повеќе локации с.Бигла, с.Драмче, с.Илиово и на планината Голак за превенција и заштита од пожари и незаконска сеча и транспорт на дрва.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАмериканските авиони-танкери се повлекоа од БугаријаДва американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.Тагови: Бугарија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10