3Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
СветУкраинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војнатаВојниците рекоа дека малку веруваат во тековните мировни напори и не гледаат крај на борбите.Овонеделните мировни преговори меѓу Русија и СAД за ставање крај на тригодишната војна во Украина не ги импресионираа украинските војници на првите борбени линии кои не гледаат дека наскоро ќе има крај на борбите доколку Киев биде изоставен од разговорите. Со автоматска пушка во рака, припадник на пешадијата со кодно име „Рагбијаш“ се потсети на жестокиот отпор на Украина во првите недели од руската инвазија во февруари 2022 година, пред да пристигне поддршката од Западот, и предложи неговата земја да го направи тоа повторно доколку е потребно. Тој нема големи надежи дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се ангажира за Украина. „Не може да ве издаде личност од која ништо не сте очекувале“, рече тој. Друг војник, познат како „Пружинка“, исто така ги отфрли руско-американските разговори во Саудиска Арабија и рече дека планира да продолжи да се бори против непријателот кога ќе се врати на фронтот. „Можеби тие одлучија нешто таму - но тоа е нивното мислење“, изјави 21-годишник за Ројтерс. „Украинците нема да поверуваат во сето тоа“, рече тој. Напорите на Трамп да постигне брз мир со Москва додека ја држи Украина на страна, предизвика страв кај многу Украинци и нивните сојузници. Но, војниците на фронтот велат дека се решени да продолжат да се борат, посочувајќи на тригодишната горчлива жртва и загубата на животите на десетици илјади соборци. Во меѓувреме, украинските сили, побројни и оружени, се обидуваат да се спротивстават на рускиот напредок долж поголемиот дел од источниот фронт. Борбите беа особено жестоки во близина на логистичкиот центар Покровск, кој делумно го бранат војници од украинската 68-ма бригада Јегер. Војниците рекоа дека малку веруваат во тековните мировни напори и не гледаат крај на борбите. - Меѓу нас има многу патриоти - ние сме потомци на Козаците. Ќе се бориме до крај рекол „Аладин“, кој ги обучувал војниците. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter