Украинскиот претседател: Војната со Русија е можна, но во најлош случај

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска рече дека е можна директна војна со Русија, изразувајќи жалење што неговата земја не добила јасен одговор на барањето за влез во НАТО.

На прашањето на самитот Јалта-европска стратегија (ДА) дали постои можност за конфликт со Русија, која го анектираше полуостровот Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина, Зеленски одговори: „Мислам дека постои“.

„Тоа е најлошото нешто што може да се случи, но за жал постои таква можност“, додаде тој.

Киев објавил дека 14.000 луѓе се убиени во конфликтите во источна Украина од 2014 година.

Зеленски рече дека односите со САД се подобрени, но изрази жалење што Украина не доби јасен одговор на нејзиното барање за влез во НАТО - потег што сигурно ќе ја налути Москва, пренесува Ројтерс.

„Не добивме јасен став за членството на Украина во НАТО“, рече претседателот. „Украина долго време е подготвена за тоа.“

Тој нагласи дека отфрлањето на Украина ќе го ослабне НАТО и ќе и одговара на Русија.

Тензиите меѓу Киев и Москва се засилија претходно оваа година, бидејќи борбите се засилија во источна Украина и Русија го зголеми бројот на војници во близина на границата.

Москва ја обвинува Украина дека го загубила интересот за мировни преговори, а Зеленски залудно се обидел да организира средба со Путин во зоната на конфликтот, пишува Ројтерс.

„Искрено, немам време да размислувам за него“, рече Зеленски.

„Ме интересира повеќе кога можеме да се сретнеме суштински, не само декларативно како што тоа го прави со другите држави“, додаде тој.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер