Украинскиот претседател го повика НАТО да го забрза влезот на земјата во сојузот

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Зеленски, генералниот секретар на НАТО изрази „загриженост" за воените активности на Русија во таа земја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика НАТО да го забрза влегувањето на неговата земја во тој сојуз, со цел да испрати „вистински сигнал" до Русија, по што Кремљ оцени дека тоа ќе го интензивира конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинските сили.

„НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас", територија во источна Украина каде продолжуваат конфликтите со проруските сепаратисти, напиша Зеленски на Твитер по телефонскиот разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека „Акцискиот план за членство ќе биде вистинскиот сигнал на Русија".

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изрази сомнеж дека членството во НАТО ќе го реши внатрешниот проблем на Украина.

– Од наша гледна точка, тоа ќе ја влоши ситуацијата, рече Песков.

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Зеленски, генералниот секретар на НАТО изрази „загриженост" за воените активности на Русија во таа земја.

„Го повикав претседателот Зеленски да изразам длабока загриженост за воените активности на Русија во Украина и нејзината околина и континуираното кршење на примирјето", напиша Столтенберг на Твитер.

Столтенберг истакна дека „НАТО силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина" и дека „останува посветен на блиското партнерство" со Украина.

„Претставниците на земјите членки на НАТО се состанаа на 1 април за да „разменат мислења за безбедносното опкружување во црноморскиот регион", изјави еден од портпаролите на НАТО.

„Сојузниците споделија загриженост за неодамнешните големи руски воени активности во и околу Украина. Сојузниците се загрижени и за кршењето на примирјето во Русија во јули 2020 година, што резултираше со смрт на четворица украински војници минатата недела”, рече портпаролот.

Тој истакна дека „дестабилизирачките активности на Русија ги поткопуваат напорите за намалување на напнатоста" и дека НАТО продолжува внимателно да ја следи ситуацијата.

Минатата недела Киев ја обвини Москва за собирање илјадници војници на северната и источната граница, како и на полуостровот Крим.

Украина беше поддржана од САД, Велика Британија и Европската унија.

Минатата недела Пентагон соопшти дека американските сили во Европа го зголемија нивото на подготвеност по „неодамнешната ескалација на руската агресија во источна Украина".

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетск

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од  Газа, каде стигнаа на околу 200 метри од границата со Египет, изјавија палестински и египетски официјални лица кои побараа да останат анонимни, пренесуваат американските медиуми.

Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) одбија да ги коментираат наводите, а американските медиуми не можат независно да го одредат опсегот на операцијата.

Информациите доаѓаат еден ден откако Израел нареди евакуација на повеќе од 100.000 Палестинци од Источен Рафа во „безбедна зона“ во близина на градот Кан Јунис.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека изведуваат „целни напади“ против палестинската милитантна група Хамас во источниот дел на Рафа, а палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку пет лица.

Израелскиот воен кабинет вчера одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа со цел „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната изјава на Хамас дека палестинската група се согласила со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио.

Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови.

Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот.

Од полноќ стапи во сила молкот, денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа.

притисни ентер