Украински врвни спортисти ги оставија милионските кариери и се фатија за оружје (ФОТО) - Канал 5

Украински врвни спортисти ги оставија милионските кариери и се фатија за оружје (ФОТО)

Руската агресија врз Украина е главна тема и во спортот.

Украински врвни спортисти ги оставија милионските кариери и се фатија за оружје (ФОТО)

Бројни украински спортисти ширум светот на теренот им изразуваат поддршка на своите сонародници, а се повеќе го менуваат спортскиот терен за воениот. Вчера е објавено дека двајца украински фудбалери загинале борејќи се за својата земја, а се` повеќе спортисти се приклучуваат на украинската армија.

Поранешните боксери Виталиј и Владимир Кличко се приклучија на одбраната на Украина, а Виталиј тоа го направи како актуелен градоначалник на Киев. Браќата Кличко се пријавиле во војска пред еден месец, пред да започне инвазијата на нивната земја, а потоа им се приклучиле на активните сили.

По нивните стапки тргнаа уште двајца украински боксери, Васил Ломаченко и Олександр Усик. Ломаченко, еден од најуспешните аматерски боксери во историјата (396-1), во својата професионална кариера беше светски шампион во три различни категории, а до 2020 година ја држеше титулата во лесна категорија.

Усик, кој пред само половина година го шокираше Ентони Џошуа и му ја одзеде титулата во тешка категорија, исто така се приклучи на украинската војска. Усик требаше да има реванш со Британецот, но рече дека тоа во моментов не му било на ум.

"Навистина не знам кога ќе се вратам во рингот. Мојата земја, мојот народ и мојата гордост ми се многу поважни во моментов од појасот. На Русите им порачувам дека никогаш нема да влезат во Киев", објави тој со неговата фотографија во униформа.

Во војска се приклучи и тенисерот Серхи Стаховски, кој ги остави сопругата и децата во Унгарија. Тренерот на молдавскиот Шериф, Јуриј Вернидуб го напушти клубот и дојде во Украина и рече дека не може да гледа како неговиот народ страда под налетот на агресорите.

Сите тие заработиле многу во кариерата и можеле да ја напуштат земјата и преку социјалните мрежи да повикуваат луѓе да и` помогнат на Украина, но боксерите, фудбалерите и тенисерите решија да одат на првите борбени линии и да си ги ризикуваат животите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA).

Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена.

Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“.

Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. 

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица.

Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици.

Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед.

„Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда.

Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи.

Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот.

Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер