По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
2По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
ЕвропаУкраински војник, заробен од Русите во Курск, е осуден на 15 години затворРуски суд осуди украински војник на 15 години затвор по обвинение поврзано со упадот на украинските сили во Курскиот регион, објавија руските власти.Според прес-службата на Вториот западен округ воен суд, 46-годишниот Андриј Хринчишин, член на 22-та посебна механизирана бригада, ќе ги отслужи првите пет години од казната во затвор, а остатокот во колонија со засилен режим. Руските истражители го обвинуваат Хринчишин за „терористички чин“ извршен во групата. Тие тврдат дека на 14 февруари 2025 година, тој влегол во Курскиот регион вооружен со пушка АК-74 и гранати. Според истрагата, тој учествувал во „вооружената блокада“ и „нелегалната окупација“ на територијата во селото Гујево во округот Суџана. Тој бил заробен на 9 април 2025 година за време на борбени операции. Операцијата започна во август 2024 година. Случајот е дел од поширок бран судења на украински војници заробени за време на прекуграничната операција во Курскиот регион, започната во август 2024 година. Украинските сили потоа напредуваа на околу 1.300 квадратни километри на руска територија. Русија потоа започна контраофанзива, засилена од околу 12.000 севернокорејски војници, и на крајот ги потисна украинските сили од областа. Украина и меѓународните набљудувачи постојано ги осудуваат ваквите судења како политички мотивирани и спротивни на меѓународното право, наведувајќи го недостатокот на правична постапка и извештаите за злоупотреба на украински воени затвореници во руски притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлучај запалени возилa - поведена истрага за загрозување лица под меѓународна заштитаНаместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита.Повод за повикувањето на блокади беше палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, која во меѓувреме доби сериозен правен пресврт откако Основното јавно обвинителство скопје откри елементи на тешко кривично дело и го предаде предметот во рацете на обвинителството за организиран криминал и корупција. Наместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита, бидејќи со пожарот на 15 јуни директно ги загрозил животите на военото аташе и вработените во дипломатското претставништво. Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во конвенцијата на обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од 8 дена во скратена постапка, информираат од обвинителството.Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВлада: Процесот на реконструкција се одвива преку разговори со коалициските партнериВо однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ.Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, проф др Христијан Мицкоски, беа пораките кои тој јавно ги упати на одбележувањето на 36-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Премиерот тогаш нагласи дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од појавите кај дел од функционерите кои се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата. Тој посочи дека до него пристигнуваат забелешки за недоволна достапност на дел од министрите и директорите, како и за оддалечување од секојдневните проблеми и потреби на граѓаните. Мицкоски јасно порача дека Владата е избрана да му служи на народот, а не да ужива во привилегиите на власта, додавајќи дека секој функционер мора да биде достапен, посветен и постојано присутен меѓу граѓаните. Во своето обраќање тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува. Премиерот исто така порача дека не прифаќа оправдувања за неисполнување на обврските и дека секој што не може да одговори на предизвиците треба чесно да го преиспита своето место во тимот. „Сите отстапувања прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Сакам секој од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“, беше пораката на Мицкоски. Основниот критериум во процесот на реконструкција останува ефикасноста, достапноста кон граѓаните, исполнувањето на програмските цели и целосната посветеност на работата во интерес на народот, брифираат од Владата.Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изгледГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на Трговскиот центар во населба Лисиче, проект со кој овој простор добива целосно нов и современ изглед.Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика, а по нејзиното завршување трговскиот центар ќе прерасне во функционален, безбеден и уреден простор за секојдневен престој на граѓаните. Во рамки на проектот се врши комплетно поплочување на околу 6.000 квадратни метри, се поставува нова урбана опрема, шах-маси и детско игралиште, а посебен акцент е ставен на целосно хортикултурно уредување и ново осветлување на целиот трговски центар. „Трговскиот центар во Лисиче не добива само нови плочки. Го уредуваме целокупниот простор – со ново зеленило, современо осветлување, урбана опрема и содржини што ќе го направат ова вистинско место за собирање и дружење на граѓаните. Лисиче заслужува современ и уреден центар и токму тоа го реализираме“, рече градоначалникот Митески. Со новото зеленило, современото осветлување и обновените пешачки површини, просторот ќе добие сосема нова димензија и ќе стане пријатно место за дружење, рекреација и секојдневни активности на жителите од Лисиче и околните населби. Станува збор за капитален проект вреден 22,2 милиони денари, кој се реализира со поддршка од Владата. Општина Аеродром продолжува со реализација на капитални проекти што создаваат современи, функционални и квалитетно уредени јавни простори, во интерес на сите граѓани. Општина АеродромТагови: Лисиче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook