Украински пилоти се обучуваат да управуваат со авиони Ф-16 во Франција

 Во моментов 10 украински пилоти се обучуваат за летање со авиони Ф-16 во Франција, соопшти денеска француското воено воздухопловство.

Француските ВВС се обврзаа да ја потврдат обуката на 26 Украинци во рок од две години. Украински пилоти се обучуваат во воздухопловна база на југозападот на Франција, а точната локација не е соопштена од безбедносни причини, пренесува „Монд“.

Според весникот, во воздухопловната база на која ќе се обучуваат пилотите во Украина нема ловци Ф-16, но има неколку Алфаџет-и што се добиени благодарение на француско-белгиската соработка.

Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома

 Во Германија неколку години по пандемијата со Ковид-19 и понатаму е висок процентот на лица кои работат од дома, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Во 2023 година 23,5 отсто од вработените во целост или делумно работеле од дома, што е минимален пад во споредба со минатите години. Пад е регистриран кај лицата што секојдневно работат од дома, се наведува во соопштението.

Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75 проценти од вработените работат од дома целосно или делумно. Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.

Најмал процент е регистриран во здравствениот сектор каде само 6,4 проценти од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи малопродажбата и градежништвото.

Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години.

Германија е на средината на рангирањето во споредба со другите членки на ЕУ. Во рамките на Европска Унија, работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.

Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро

Порака и предупредување до Скопје и Тирана испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на состанокот на пратеничката група на Нова демократија.

За Македонија, односно како што рече, за северните соседи, Мицотакис вели дека има прекршување на меѓународното право и обврските од меѓународните договори

Остри реакции од Бугарија – Мицкоски подговен да седне на маса и во Брисел и во Софија

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да седне на маса и во Софија и во Брисел и да ги соочи аргументите откако денеска се најде во вкрстен оган на бугарските лидери околу евентуалната промена на преговарачката рамка.

Бугарскиот претседател Румен Радев излезе со став дека политиката на Скопје е насочена против европските принципи. Порача дека очекува конкретни чекори и од бугарската Влада и од европските институции. Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, пак, кој во моментов мака мачи да формира парламентарно мнозинство најави дека ако состави политичка влада ќе иницира средба со македонскиот премиер.

-Денес маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во Македонија. Ова е политика насочена директно против европските принципи и одлуки донесени со консензус од сите земји-членки, против меѓународните обврски, но пред се против сопствените граѓани, тука јасно ги кажаа своите амбиции за европски развој на земјата,- изјави – Румен Радев – Претседател на Бугарија.

-Ние сакаме да се почитуваат Договорите. Какви било толкувања не се добри за колегите од Македонија, тоа можам да им кажам. Без поддршката на Бугарија и на Грција, немаат никаква шанса да продолжат напред. Сега треба да се смират, треба да бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, така во моментов мислам дека не можат да сметаат на неа,- изјави – Бојко Борисов – Поранешен премиер на Бугарија.

Мицкоски попладнево експресно им реплицираше. Рече дека е подготвен да разговара и со Радев и со Борисов. Вели дека признава постоење бугарско малцинство во Македонија, но дека очекува и Бугарија да го признае македонското преку признавање на пресудите од Стразбур. Рече дека не бега од решенија но и порача дека новата власт нема да потпишува се што ќе биде ставено на маса.

-Јас мислам дека ваков тип на анахрони пораки се дел од средниот век, но за жал во современа Европа во 21 век постоеле вакви политичари како Радев. Но, исто така источниот сосед треба да знае дека поминаа времињата на политичари кои виткаа кичма и коленичаа, и потпишуваа сѐ што им беше ставено на маса, а во исто време со европско знаме го ограбуваа народот.

-Јас сум за тоа да се почитуваат договорите, тоа е двонасочна улица, јас сум за тоа да се градат пријателства со соседите, мно истовремено и да се почитуваме. Не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување.

Денеска имаме неопсорен факт, којшто преку пресуда на судот за човекови права во Стразбур го потврди, а тоа е дека постои македонско малцинство во Бугарија,- изјава – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Реакциите од официјална Софија доаѓаат по изјавата на Мицкоски дека е можна промена на преговарачката рамка за Македонија доколку има политичка волја. На ова остро вчера реагираше бугарското МНР според кое ваквата намера на Скопје, како што вели, да не се придржува до меѓународните обврски ќе доведе до дополнително оддалечување на Македонија од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

притисни ентер