Украински музичар се приклучи кон војската: Не е време за свирење гитара (ВИДЕО) - Канал 5

Украински музичар се приклучи кон војската: Не е време за свирење гитара (ВИДЕО)

Украинскиот музичар Андриј Хливинјук се приклучи на армијата во борбата против руската окупација на неговата земја и рече дека сега не е време да се свири гитара, туку да се земе пушка.

Украински музичар се приклучи кон војската: Не е време за свирење гитара (ВИДЕО)

Музичарот, кој е дел од бендот Boombox, редовно настапува пред илјадници обожаватели во градовите како Доњецк, Киев и Одеса.

„Музичарите се миротворци, но сега не е време да свират на гитара.“

„Тие нè бомбардираат“, додаде тој за рускиот напад врз неговата земја, кој ги однесе животите на најмалку 198 цивили и го принуди да ги остави децата на грижа на неговата баба, за да се вклучи во борбата против Владимир Путин. Цивилите ширум земјата се повикани - или, во случајот на повеќето мажи им е наредено да земат оружје, а многумина, наводно, го прават тоа со задоволство.

Во видеото, кое веќе собра повеќе од 27.000 лајкови, Хливјук е прикажан во воена облека со бејзбол капа од Њујорк Јенкис и со автоматска пушка на рамо.

„Ништо не ни треба. Тие се оние на кои им требаме. И Западот и Украина изјавуваат дека се придржуваат до истите принципи: еднакви права за сите, владеење на правото, право на избор, човекови права пред се`, а не животинско владеење на најсилниот“, рече Хливјук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани објави дека ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава..

-Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба –Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во нато носи и привилегија и одговорност, напиша Муртезани во објава на фејсбук..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

Вработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’.

Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

СДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!

Што славеа, труењето на граѓаните?

Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам.

Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава.

Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт.

ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница.

И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот.

Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно:

Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар?

Зошто документите се кријат од јавноста?

Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење?

Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните.

Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно.

Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени?

Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа.

Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода.

Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема.

Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема.

Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“.

Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици.

Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност.

Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар.

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер