1МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво
ЕвропаУкраински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во нападите врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.На прашањето за погодените бродови во Таганрошкиот Залив, министерството рече дека меѓу екипажите имало вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не му припаѓале на Азербејџан. WATCH: Aftermath of Ukrainian drone strike that killed five Azerbaijani sailors on a ship in Azov Sea overnight. https://t.co/dLUefLlDXo pic.twitter.com/NiEuaJ1ABE — Clash Report (@clashreport) June 5, 2026 Украинците тврдат дека целта на нападите биле бродови што превезувале воен товар и украдено жито. Порано во петокот, Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле пет брода во пристаништата Мариупол и Бердјанск, како и во крајбрежните води на територија контролирана од Русија. Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни летала, во соопштението изјави дека неговите беспилотни летала погодиле товарни бродови и танкер вклучен во „кражбата“ на украинско жито и преносот на воен товар и гориво, при што имињата на бродовите биле префарбани, а радарите биле исклучени.Тагови: Азербејџан бродовите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништвоЖивееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на мирот и одбележувањето на 15 години спроведување и развивање на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши. „Бројни наставници поминаа обуки и потоа во училиштата реализираа содржини за ненасилно решавање на конфликти, прифаќање на различностите и охрабрување на младите да поттикнуваат дијалог, толеранција и соработка а не поделби и раздор. Ако од мали децата учат да решаваат несогласувања со разговор, слушање и компромис наместо со кавга, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе пораснат во граѓани што имаат култура на мир и ја практикуваат во релациите со другите“, посочи Ивановска. Таа се заблагодари на „Меѓаши“ за ангажирањето во овој чувствителен сегмент и ги повика сите други чинители да помогнат во градењето образование кое оваа држава ќе ја развива во современа и напредна демократска заедница. Двете средни училишта, „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје добија признанија за придонесот кон мировното образование. Државниот секретар нагласи дека наставниците се тие кои имаат најголема задача сѐ тоа што стекнуваат на обуките за мировно образование, да го пренесат во училниците и да го доближат до младите. За нив, признанијата се потврда за посветеноста и трудот што го вложиле но вистинската награда се учениците кои израснале во граѓани полни со почит, толеранција и одговорност за градење мирна иднина на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1. Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим. Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините. Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа. Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра. Тагови: Арина Сабаленка Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизнисиНа министерката Сања Божиновска многу ѝ се зборува за рубини. И таа како и Мицкоски се фокусира на националните богатства. Операцијата за распродажба на Македонија, водата, земјата, рудите е главен фокус на Мицкоски и кримналната банда. Македонија не е на распродажба а граѓаните кои стравуваат за сметките за струја чекаат Божиновска да проговори за „Руднап“, бизнис-мрежата на Мицкоски и новата зделка од 13,2 милиони евра за броила за српската фирма „METER&CONTROL“ . Божиновска е клучниот линк во оваа мрежа, била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа. „Руднап“ била во сопственичката структира, партнер е и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Затоа Божиновска е поставена за министерка. Се е бизнис за Мицкоски. Граѓаните чекаат одговори! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook