Украински авион со 167 патници се урна на аеродром во Техеран

Украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот паднал веднаш по полетувањето од Техеран во Иран, јавуваат светските медиуми.

Според информациите кои ги сподели „Би-Би-Си“, не е познато дали уривањето на било кој начин е поврзано со нападот на американските воени бази во Ирак, кој се случи неколку часа пред да падне Боингот.

Иран изврши напади со над десетина балистички ракети врз неколку цели во Ирак, вклучувајќи и две воени бази во кои има американски војници и коалициски сили, соопшти Пентагон.

Станува збор за воените бази Аин Асад и Ербил. Иранската исламистичка револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите, соопшти иранската државна телевизија, наведувајќи дека тие биле одговор за убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани кој во минатата недела загина во американски воздушен напад. Во соопштението на револуционерната гарда се наведува дека и натаму ќе бидат извршувани слични напади. Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за „напнатата ситуација во врска со Иран и Ирак“, соопшти портпаролот на германската влада Стефан Зајберт.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

Апел за помош за лекување на младиот Бошко Јанкулов

На младиот кавадарчанец кој се лекува во Турција му е дијагностициран канцер на карлица.

Нема цена за шансата на Бошко!

Се надевам сите се сеќавате на Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!

После сето лекување и 6 хемотерапии покасно, резултатите се ветувачки и конечно туморот е намален, па на Бошко му претстои операција за целосно отстранување на истиот и лекување со радиотерапија и имунотерапија. Меѓутоа финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно споделување на постот. Затоа што заедно сме посилни!

Буџет на кампањата

Целосните финансии потребни за третманот изнесуваат 30000 евра.

Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена: 300.000 до 400.000 фунти

Стара гитара, со којашто британскиот музичар Ерик Клептон ја компонирал својата позната балада „Wonderful Tonight“, ќе биде понудена на наддавање во јуни.

Легендарниот гитарист го купил жичаниот инструмент во средината на 1970-тите. Во соопштението на аукциската куќа „Бонам'с“ се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите коишто Клептон ги оставал меѓу жиците на инструментот.

„Тој ја користел оваа гитара при компонирањето неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според кажувањата, Клептон ја напишал песната 'Wonderful Tonight' додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава", соопшти „Бонам'с“. Во известувањето се додава и дека акустичната гитара „Мартин 000-28“ од 1974 година има и налепница со натпис: „Таа е вљубена во човекот за родео“ (She's in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.

Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година. На 12 јуни инструментот повторно ќе биде понуден на наддавање во Лондон, Велика Британија, со почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти (349.000 до 466.000 евра).

притисни ентер