Украинска тенисерка на удар на критики, откако ѝ пружи рака на Русинка: Какво лицемерие(ВИДЕО) - Канал 5

Украинска тенисерка на удар на критики, откако ѝ пружи рака на Русинка: Какво лицемерие(ВИДЕО)

Марта Костјук се најде на удар откако ја прекрши практиката украинските тенисерки да не се ракуваат со тенисерки од руско потекло, ракувајќи се со Дарија Касаткина по нејзината победа во второто коло на Мастерсот во Рим.

Украинска тенисерка на удар на критики, откако ѝ пружи рака на Русинка: Какво лицемерие(ВИДЕО)

Иако Касаткина со години настапуваше под знамето на Русија, на почетокот на 2025 година одлучи да го промени спортското државјанство и да се пресели под знамето на Австралија. Токму оваа промена, очигледно, беше доволна за Костјук да направи исклучок и да ѝ подаде рака на својата соперничка откако победи со 6:4, 6:2.

На социјалните мрежи имаше бурни реакции, претежно негативни. Фотографијата од ракувањето брзо стана вирална, а бројни корисници на платформата X (порано Твитер) ја обвинија Украинката за лицемерие.

- Какво лицемерие. Касаткина е против војната од самиот почеток, но до вчера ракувањата не доаѓаа предвид, а денес сè е во ред - рече еден корисник.

Иако нејзиниот гест може да се протолкува како знак на почит кон Русинката Касаткина, која јавно ја осуди руската инвазија уште од самиот почеток, се чини дека многумина остануваат скептични во врска со мотивите зад одлуката за прекин на претходната практика.

Други потсетија дека сличен гест не бил упатен кон тенисерките кои исто така се откажале од руското државјанство, како што се Елина Аванесјан (сега игра за Ерменија) и Варвара Грачева (Франција).

- Значи, сè што треба да направите е да го смените пасошот и веднаш сте пријатели? „Сега разбирам колку е лесно да се манипулира со луѓето за да ги мразат своите соседи“, рече еден корисник на мрежата „X“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер