Украина воведе санкции за руски институции и 77 компании

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги потврди санкциите кон руски државни институции и 77 руски компании.

Санкции се наметнати кон Советот за национална безбедност и одбрана на Руската федерална агенција на Комонвелтот на независни држави за сонародници кои живеат во странство и за меѓународна хуманитарна соработка, Волга-Днепар и 77 други руски компании.

Санкции се воведени и за неколку домашни компании, но и за 10 граѓани на Украина, кои претседателот Зеленски ги нарекол „најголемите украински шверцери“, пренесе ТАСС.

Претходно, министерот за култура на Украина, Александар Ткаченко, го повика Советот за национална безбедност и одбрана да ја разгледа потребата од работата на руската канцеларија за хуманитарна соработка во Киев, наведувајќи дека таа е вклучена во ширењето на руската пропаганда и наративи под маската на културна и научна соработка.

Министерот Ткаченко бил особено лут што руската канцеларија во Киев го објавил Меѓународниот натпревар на современи поети, што го нарекол „Денови на Шевченко“, со образложение дека станува збор за „руско-украински поет“.

Потпретседателот на горниот дом на парламентот на Русија, Константин Косачев, ги оцени потезите на Киев како „уште еден пример за постепена деградација на украинските власти поради нивната политика кон Русија“.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

притисни ентер