Украина се согласила и на точка во мировниот план за која од секогаш тврделе дека е „црвена линија“ - Канал 5

Украина се согласила и на точка во мировниот план за која од секогаш тврделе дека е „црвена линија“

Мировниот план одобрен од украински и американски претставници предвидува ограничување на големината на украинската војска на 800.000 во мирно време, објави денеска  „Фајненшл тајмс“.

Украина се согласила и на точка во мировниот план за која од секогаш тврделе дека е „црвена линија“

Мировниот план одобрен од украински и американски претставници предвидува ограничување на големината на украинската војска на 800.000 во мирно време, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани украински претставници.

Армија од оваа големина сепак би била втора најголема во Европа по Русија и би била блиску до нејзината сегашна воена сила од околу 900.000 војници.

Веста доаѓа откако првичниот мировен план, презентиран од Вашингтон минатата недела и критикуван поради неговите услови што во голема мера ја фаворизираат Русија, предвидуваше ограничување на украинските сили на 600.000 војници.

Оригиналниот документ од 28 точки беше намален на 19 по американско-украинските консултации во Женева, иако неговата целосна содржина не е објавена.

Најчувствителните прашања, првенствено оние поврзани со територијата, ќе бидат решени подоцна на ниво на претседателот Доналд Трамп и претседателот Володимир Зеленски.

Иако американски претставник цитиран од CBS News рече дека Украина се согласила со ревидираниот мировен предлог, ставот на Москва останува нејасен.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија официјално не ја добила новата верзија, но предупреди дека Москва ќе ја отфрли доколку не ги исполни своите долгогодишни барања.

Постојат неколку чувствителни, но не и нерешливи детали што треба да се разјаснат и ќе бараат понатамошни разговори меѓу Украина, Русија и САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Украина јавно не потврди дека се согласува да ја ограничи големината на својата војска. „Киев Индепендент“ се обрати до украинското Министерство за надворешни работи за коментар.

Киев долго време вели дека сите ограничувања на неговите вооружени сили се црвена линија што нема намера да ја премине.

Границата од 800.000 војници го одразува контрапредлогот што наводно го изнесоа претходно Велика Британија, Франција и Германија како одговор на американскиот документ од 28 точки.

Конечната верзија на мировниот план, дизајниран да ја заврши речиси четиригодишната војна, останува нејасна бидејќи САД наводно одржаа нови разговори со Украина и Русија во Абу Даби. Иако Трамп вети брз крај на војната меѓу Русија и Украина, неговите напори во првите десет месеци од мандатот не донесоа никаков напредок, бидејќи Москва продолжува да го отфрла прекинот на огнот и инсистира на територијални барања, вклучително и Киев да го отстапи целиот регион Донецк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. септември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 9. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Зиков во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Љупчо Зиков

 Љупчо Зиков во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер