Украина од Шведска набавува 150 моќни воени авиони „Грипен“ (ВИДЕО) - Канал 5

Украина од Шведска набавува 150 моќни воени авиони „Грипен“ (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети Норвешка и Шведска за да разговара за понатамошна поддршка за Украина со лидерите на скандинавските земји.

Украина од Шведска набавува 150 моќни воени авиони „Грипен“ (ВИДЕО)

Посетата резултираше со ветување на Норвешка за енергетска помош и потпишување писмо за намери со Шведска за потенцијално купување до 150 борбени авиони „Грипен“, пишува „Киев Индепендент“.

„Ова е почеток на долго патување“

Зеленски беше пречекан во Шведска од премиерот Улф Кристерсон, а средбата се одржа во градот Линкопинг, седиштето на одбранбената компанија Сааб, која произведува борбени авиони „Грипен“. Двајцата лидери потпишаа писмо за намери за долгорочна одбранбена соработка. Иако меморандумот не подразбира итни испораки, тој отвора можност за голем договор што би вклучувал 100 до 150 борбени авиони „Грипен Е“.

„Ова е почеток на долго патување од 10-15 години“, рече Кристерсон пред изложениот борбен авион „Грипен Е“. „Сааб ЈАС 39 Грипен“ е лесен повеќенаменски ловец од 4,5 генерација, а Киев и Стокхолм веќе разговараа за можноста за негово доставување до украинските воздухопловни сили.

„Силна и способна Украина е клучен приоритет за Шведска и ние ќе продолжиме да осигуруваме дека Украина може да се бори против руската агресија“, рече Кристерсон.

Норвешка помош за енергетскиот сектор

Пред да пристигнат во Шведска, Зеленски и првата дама Олена Зеленска го посетија Осло, каде што се сретнаа со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Норвешка вети дека ќе ѝ обезбеди на Украина околу 150 милиони долари за купување гас за претстојната зима, во време кога Русија ги засилува нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.

„Енергетската поддршка е исклучително важна“, нагласи Зеленски, заблагодарувајќи ѝ се на Норвешка за нејзината помош.

Посетата во сенка на американската неизвесност

Дипломатската турнеја на Зеленски доаѓа само неколку дена по напнатиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, кој одби да ја вооружи Украина со ракети „Томахавк“ и наводно се залагаше за руски територијални претензии. Европските партнери ја зголемуваат поддршката за Киев поради неизвесноста околу идните потези на Вашингтон, особено откако беше одложен најавениот самит меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

По посетата на Шведска и Норвешка, Зеленски треба да отпатува за Брисел на 23 октомври, а потоа во Лондон на состанокот на европската „Коалиција на волјата“ закажан за 24 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра.

Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постизборна Србија и изборите во Брвеница во фокусот на пратеничките прашања

Жестоки обвинувања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ Венко Филипче на собраниската седница за пратенички прашања.

Постизборна Србија и изборите во Брвеница во фокусот на пратеничките прашања

Според Филипче политичките промени во Србија можат да имаат последици и врз позицијата на македонскиот премиер, а до опозицијата, како што рече, пристигнувале информации за можни трансфери на пари од Србија во Македонија. Мицкоски остро ги отфрли наводите од опозицијата, оценувајќи дека СДСМ се обидува политичките случувања во Србија да ги искористи за напади врз македонската Влада, правејќи аналогија со неоснованите обвинувања за унгарскиот кредит.

-Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш. Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации. Можеби си ја промашил професијата, бил добар уредник на Информер или на Колегиум, изјави Филипче.

- Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци, истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие 6 месеци, и тогаш велевте ќе се откриеле криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што е се случуваше итн....Ме обвинивте дека сум бил човекот којшто трансферирал дрога, пари, што уште не се изнаслушав од тоа дека сум идиот и не знам уште што уште не слушнав од вас за себе и нема да се спуштам на тоа ниво и да одговорам, мислам дека не заслужувате. Бидејќи тоа се работи што се учат во првите 7 години од животот. Најверојатно тие ваши први години биле полни со фрустрација, па тоа сте го испуштиле. Моите 7 години беа среќни, изјави Мицкоски.

Во фокусот на опозициските пратеници беа меѓуетничките односи и изборите во Брвеница.

На критиките од пратеникот Скендер Реџепи дека повикувал на етничко гласање, премиерот Мицкоски дециден - никој од ВМРО-ДПМНЕ не повикал на етничко гласање, тоа го правите вие и коалицијата на ДУИ.

Премиере, вие пред неколку дена истакнавте од општина Брвеница дека опцијата на кандидатот од опозицијата е криминална и ова за мене беше срамно бидејќи не знам дали зборувавте како премиер, претседател на партија или како обвинител, изјави Скендер Реџепи.

- Сите до еден и Македонци и Албанци, со кои разговарав, најмногу Албанци ми рекоа овие што не избркаа од тука, ги избркаа нашите братучеди, тетки, вујковци, чичковци кои се некаде на Запад, сега доаѓаат повторно да не делат. Дваесет години еден проект нема за Брвеница, еден проект. Христијан Мицкоски како претседател на Владата, Јовица покоен како градоначалник, Александар Николоски како потпретседател и министер за транспорт ќе го гради патот за Гургурница, нагласи премиерот Мицкоски.

Во дуелот меѓу Мицкоски и Филипче се најде и темата за отворањето рудници во Македонија. Според Филипче доколку Владата ги започне постапките за отворање рудници, на неколку локации ќе се соочи со сериозен отпор од граѓаните, кој СДСМ ќе го поддржи, а доколку е потребно, како што рече ќе се формира и жив ѕид за да се спречи нивното отворањето. Мицкоски одговори- го поддржува отворањето рудник за антимон во селото Луке, Крива Паланка, посочувајќи дека ист став има и градоначалникот на општината од редовите на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева?

Обвинителката Искра Хаџи Василева и официјално е избрана за нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. 

Со какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева?

Советот на јавните обвинители ги објави конечните резултати од гласањето, на кое Хаџи Василева освои 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, кој доби 57. Од останатите кандидати Јован Цветановски освои 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест. По изборот на Хаџи Василева, пред неа остануваат сериозни предизвици почнувајќи од обезбедувањето доволно финансиски средства и зголемувањето на ефикасноста на обвинителите, вели за Канал 5 поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска.

-Значи новата обвинителка, односно раководителка на ова обвинителство ќе се соочи со големи предизвици. Пред сè во обезбедување на финансиските средства, нели, законот сè уште не е донесен, би требало да се избори за барем да го има истото ниво што досега го имаа во претходниот закон. Да се обиде да ја зголеми ефикасноста на постојните обвинители, значи првин со ресурсите со коишто располага обвинителството да ги искористи максимум,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК.

Ивановска предупредува и на податоците од анализата за влијанијата врз обвинителите. Од новата шефица ќе се очекува не само да ги продолжи постапките по предметите за организиран криминал и корупција, туку и да покаже дека обвинителството може да работи поефикасно, без селективност и без надворешни влијанија.

-Сè уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите, таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распределба на предметите. И што е најважно, да се справат со директните и индиректните притисоци или сугестии. Значи, 36% од јавните обвинители искусниле обиди за влијание од членови на извршна власт, а 29% од претставници на политички партии. Ова се загрижувачки бројки и мислам дека треба во своите редови да се справат со овие ризици и предизвици,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК.

Новата шефица на ова обвинителство има 10 - годишно обвинителско искуство, а во октомври 2024 година беше избрана за обвинителка во ОЈО ГОКК. Меѓу позначајните предмети на кои работeше е обвинението против судијата Ѓоко Ристов во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕидани 350 илјади евра, передмет за кој судската постапка е во тек. Хаџи Василева го застапуваше и обвинението против докторот Жан Митрев, кој беше обвинет за измама поврзана со информирањето на пациентите за хемофилтрацијата за време на пандемијата, како и корупцискиот предмет против ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. На раководната позиција таа ќе го наследи Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер