ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
2ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
3Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
СветУкраина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше ОдесаНајмалку 11 лица се повредени во украинскиот напад врз руската република Удмуртија, регион познат по својата одбранбена индустрија, соопштија денеска тамошните власти.Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск. Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје во Воткинск, околу 50 километри североисточно од Ижевск, која произведува ракети „Искандер“ и „Орешник“. Жители на регионот, кој се наоѓа на западната страна од планината Урал, објавија слики на интернет на кои се гледа пожар и структурни оштетувања. Претходно, Александар Бречалов, гувернер на руската република Удмуртија, изјави дека неодреден објект бил погоден од беспилотни летала, без да даде дополнителни детали за точната локација на нападот. Во Ижевск, операциите на аеродромот се привремено суспендирани поради воздушна тревога. Украинските медиуми објавија дека во нападот е употребена крстосувачка ракета „Фламинго“, а не дронови. Според Киев, тоа што е извршен напад на околу 1.500 километри од украинската граница, покажува дека Украина е способна да изврши удари длабоко на руска територија. Независна потврда за ваквите тврдења засега нема. Русија, пак, изминатата ноќ извршила напад со беспилотни летала врв Одеса. Претседателот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на Телеграм објави дека во нападот се повредени две лица. Предизвикана е штета на објекти од цивилната и енергетската инфраструктура.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравјеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски. Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и ЗелениковоЗачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,. -На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter