3Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
СветУкраина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното МореУкраина испрати понуда од трета страна до Русија за двете страни да престанат да напаѓаат цивилни цели во Црното Море, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.Украина сè уште не добила одговор на својата понуда, додаде изворот. Во последните недели, двете страни изјавија дека меѓусебните напади врз пратките со жито и инфраструктурата во виталниот воден пат би можеле значително да влијаат на светските цени на храната оваа година. Grateful to Ukrainian warriors who are bringing the war back to Russia and responding to its attacks against life. Our targets are consistently defined facilities that sustain the war effort. Middle strikes were carried out overnight, with successful hits in the Black Sea and… pic.twitter.com/lOCRhSjkG7 — Defense of Ukraine (@DefenceU) August 1, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнглеов: Спречена е голема катастроф во битолско ЛозаниОгнена линија долга неколку километри.Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување. Тагови: ДЗС стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter