Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската унија - Канал 5

Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската унија

Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската унија, отворајќи го првиот преговарачки кластер „основи“.

Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската унија

Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската унија, отворајќи го првиот преговарачки кластер „основи“, додека Црна Гора продолжува да бележи напредок на европскиот пат со затворање на уште две преговарачки поглавја.

Меѓувладините конференции што се одржуваат во Луксембург, Украина и Молдавија ќе ги отворат разговорите во рамки на кластерот кој ги опфаќа клучните области за членство во ЕУ – функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација, владеењето на правото, правосудството, основните права, како и прашањата поврзани со безбедноста и економските критериуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали на Skopje Security Forum 2026: Стабилноста се гради преку соработка, силни институции и заедничка европска визија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на Skopje Security Forum 2026, на тема „Architects of Stability: The Security Identity of the Western Balkans“.

Беким Сали на Skopje Security Forum 2026: Стабилноста се гради преку соработка, силни институции и заедничка европска визија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на Skopje Security Forum 2026, на тема „Architects of Stability: The Security Identity of the Western Balkans“, организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека безбедноста и стабилноста на регионот не се даденост, туку бараат континуирани инвестиции во демократски институции, владеење на правото, економски развој и регионална соработка.

Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на Република Македонија и една од најсилните гаранции за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет.

„Стабилен и безбеден Западен Балкан директно придонесува за посилна и пообединета Европа. Денешните предизвици – од хибридни закани и дезинформации до енергетска безбедност и технолошка трансформација – бараат заеднички одговори и подлабока регионална соработка“, истакна Сали.

Во рамки на Форумот се дискутираше за безбедносниот идентитет на Западен Балкан, геополитичките предизвици, влијанието на големите сили, хибридните закани, институционалната отпорност и улогата на регионот во европската безбедносна архитектура.

Министерот Сали упати благодарност до организаторите и учесниците, нагласувајќи дека дијалогот, партнерството и размената на експертиза остануваат клучни фактори за изградба на побезбедна и постабилна иднина за регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки: Македонија забрзува, наша обврска - на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам честа да ве известам дека во среда, 17 јуни, партијата одбележува 36 години. Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која неʼ обврзува и иднината која доаѓа. 

Ковачки: Македонија забрзува, наша обврска - на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина.

Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.

Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат.

Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја - независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено.

Почитувани пријатели, морам да напоменам дека во најтешките моменти народот, граѓаните ни ја даваа силата.

Сега сме фокусирани на иднината на Македонија и нејзините граѓани. Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ.

Пораката “Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија.

На 17 јуни во Струмица на големиот народен собир кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени сте сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои верувате во напредокот на Македонија.

И ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

Се гледаме во Струмица во 20 часот!

Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска.

Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

„Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните“, напиша министерот муцунски во својата објава, најавувајќи ги посетите. На покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во диселдорф.утре министерот Муцунски ќе престојува во Лондон, каде што ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и на отворањето на првиот вински саем на земјите од централна и источна Европа во Лондон.Во периодот од 16 до 18 јуни, министерот Муцунски ќе престојува и во Даблин, Ирска каде ќе се сретне со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, хелен мекенти, при што покрај билатералните односи, посебен акцент ќе биде ставен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер