Украина го одбележува Денот на Вооружените сили на Украина

Информација од Амбасада на Украина.

Денес, на 6 декември, Украина го одбележува Денот на Вооружените сили на Украина.

Пред 7 години Русија започна необјавена војна против Украина.

Да не беа Вооружените Сили на Украина, тешко дека на 24 август оваа година ќе го прославевме 30-тиот роденден на нашата држава.

Една четвртина од нашата понова историја, нашите војници со оружје во рацете, ризикувајќи ги своите животи, секојдневно ја бранат нашата Татковина од рускиот агресор.

Ви нудиме 10 факти за вооружената агресија на Русија против Украина

Факт 1: Русија однапред ја испланира вооружената агресија против Украина. Победата на Револуцијата на Достоинството беше само пригоден повод

Планираната вооружена агресија од страна на Русија против Украина започна на 20 февруари 2014 година со воена операција на Вооружените Сили на РФ за заземање на дел од територијата на Украина - Полуостровот Крим. Овој датум не го негира ниту Министерството за одбрана на Руската Федерација, како што е наведено на ресорниот медал „За враќање на Крим“. Во меѓувреме, дури следниот ден В. Јанукович побегна од Кијив, а Резолуцијата на Врховната Рада „За самоотстранување на Претседателот на Украина од вршењето на уставните овластувања и распишување на предвремени избори за Претседател на Украина“, што стана причина за обвинувања од страна на Русија за наводното „антиуставно востание во Украина“, беше усвоена дури на 22 февруари 2014 година.

Факт 2: Руската агресија имаше за цел да ја уништи Украина како независна држава

Нелегалната окупација на Автономната Република Крим и градот Севастопол беше само првиот чекор што го направи Руската Федерација за поткопување на независноста и суверенитетот на Украина. Раководството на Кремљ отсекогаш било цврсто убедено дека без контрола над Украина, Русија никогаш нема да стане светски лидер, а демократската и просперитетната Украина ќе го загрози зачувувањето на сегашното авторитарно владеење во Русија. Затоа следна фаза на руската агресија беше обидот за дестабилизација на ситуацијата во источните и јужните региони на Украина со цел на овие простори да се формира квази-држава „Новоросија“. Овие планови ги објави рускиот претседател Владимир Путин за време на ТВ-програмата „Дијалог со Русите“ на Првиот канал на 17 април 2014 година. Целосното спроведување на овие планови беше успешно спречено, но руските редовни трупи и нелегалните вооружени формации предводени од Русија окупираа делови од Доњецката и Луганската области на Украина.

Факт 3: Вооружената агресија е само една од алатките на хибридната војна на Русија против Украина

Вооружената агресија е само еден елемент од хибридната војна на Русија против Украина. Други елементи беа:

1. пропаганда заснована на лаги и замена на концепти;

2. трговско-економски притисок;

3. енергетска блокада;

4. терор и заплашување на граѓаните на Украина;

5. сајбер напади;

6. категорично негирање на самиот факт на војната, и покрај присуството на безброј непобитни докази;

7. употреба на проруски сили и сателитски држави во нивни интереси;

8. обвинување на другата страна за сопствените кривични дела.

Факт 4: Храброста на украинскиот народ и солидарноста на меѓународната заедница со Украина ја попречија реализацијата на агресивните планови на Кремљ

Активната фаза на Вооружената агресија на Русија против Украина беше запрена благодарение на храброста на украинскиот народ, кој ја бранеше својата Татковина како дел од Вооружените Сили на Украина, Националната гарда на Украина и другите одбранбени агенции и органи за спроведување на законот.

Важен елемент во спротивставувањето на агресорот станаа заедничките политичко-дипломатски напори на меѓународната заедница. На 27 март 2014 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 68/262 „Територијален интегритет на Украина“, во која се потврдија меѓународно признатите граници на Украина и отсуството на каква било правна основа за промена на статусот на АР Крим и градот Севастопол. Сличен став на Генералното собрание на ОН беше потврден во Резолуцијата 71/205 „Состојбата на човековите права во Автономната Република Крим и градот Севастопол (Украина)“, усвоена на 19 декември 2016 година. Покрај тоа, во Резолуцијата за прв пат во официјалните документи на ОН се признава Русија како окупаторска сила. Бројни документи за поддршка на територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признатите граници беа усвоени од Комитетот на министри на Советот на Европа, ПССЕ, ПС на ОБСЕ итн.

Најефективен инструмент за притисок врз државата-агресор беа политичките и економските санкции од западните земји. Тие ја забавија руската агресија против Украина, ја намалија веројатноста за инвазија од големи размери и ја принудија Русија да седне на преговарачка маса, вклучително и во рамки на Тристраната контакт група (страни на конфликтот - Украина и Русија, исто така ОБСЕ како посредник) и Нормандиската четворка (страни на конфликтот - Украина и Русија, посредници - Франција и Германија). Одлуката за ублажување или укинување на санкциите ќе поттикне нова рунда на руска вооружена агресија.

Факт 5: Руската агресија имаше страшни хуманитарни последици

Како резултат на вооружената агресија на Русија против Украина, загинаа околу 9.940 луѓе, а околу 23.455 беа повредени (според информациите на ОН). Овие бројки ги вклучуваат 298-те патници на летот MH17, меѓу кои и 80 деца кои беа жртви на терористичкиот напад од 17 јули 2014 година, кога авион на компанијата „Малезија ерлајнс“ беше соборен од страна на руски војници со ракетниот систем „Бук“, кој беше однесен во окупираниот Донбас од територијата на РФ.

Околу 1.584.000 жители на Крим и Донбас беа принудени да ги напуштат своите домови како внатрешно раселени лица.

Заклучно со денес остануваат окупирани: Автономната Република Крим (26.081 км²), градот Севастопол (864 км²), дел од Доњецката и Луганската област (16.799 км²) - само 43.744 км², што е 7,2% од територијата на Украина.

На окупираните територии владее страв и терор, окупаторската власт дејствува со репресивни методи и заплашувања и систематски и масовно ги крши човековите права и слободи. Критичната состојба на човековите права во окупираниот Крим беше осудена со резолуцијата 71/205 на Генералното собрание на ОН „Состојбата со човековите права во Автономната Република Крим и градот Севастопол (Украина)“ од 19 декември 2016 година.

Економијата на Донбас е целосно уништена. Опремата на многу некогаш моќни украински постројки беше извезена на територијата на Руската Федерација. Состојбата со поплавените рудници се заканува со моќна еколошка катастрофа. Руските власти не им даваат пристап на експерти за проценка на ситуацијата и за нејзина можна корекција.

На исток, 409,7 километри долгиот дел од украинско-руската државна граница останува неконтролиран од Владата на Украина.

Факт 6: Русија редовно ги прекршува договорите од Минск

Договорите од Минск (Протоколот од 5 септември 2014 година, Меморандумот од 19 септември 2014 година и Пакетот мерки од 12 февруари 2015 година) се основа за политичко решавање на конфликтот во Донбас. Тие постојано се прекршуваат од страна на Руската Федерација. Првите документи беа потпишани од Тристраната контакт група во септември 2014 година веднаш по директната инвазија на единиците на регуларната армија на Донбас и бруталните борби кај Иловајск, кој стана место на едно од најужасните злосторства на руската армија во Донбас. Најмалку 366 украински војници се убиени, а 429 се ранети додека го напуштаа градот по таканаречениот „зелен коридор“ под гаранција на командантите на руските единици.

Спротивно на одредбите од Меморандумот од Минск, руските трупи и нивните потчинети нелегални вооружени формации запленија 8 парцели територија со вкупна површина од 1.696 км2 во области кои, според линијата дефинирана со Меморандумот, треба да се наоѓаат на територијата контролирана од украинската влада.

Меѓу најочигледните прекршувања на Договорите од Минск од страна на Русија е офанзивата и заземањето на градот Дебалцево и околните населени места од страна на руските терористички сили на 16-18 февруари 2015 година, веднаш по потпишувањето на Пакетот мерки од Минск за воспоставување на итен и сеопфатен прекин на огнот од 15 февруари 2015 година.

Факт 7: Со започнувањето на вооружена агресија против Украина, Русија ги прекрши основните норми и принципи на меѓународното право, голем број билатерални и многу договори и спогодби

Со спроведување на вооружената агресија против Украина, Русија ги прекрши основните принципи и норми на меѓународното право, вклучително и оние содржани во:

Повелбата на ОН од 1945 година;

Завршниот акт на КЕБС (Завршен акт од Хелсинки) од 1975 година;

Декларацијата за принципите на меѓународното право поврзани со пријателските односи меѓу државите во согласност со Повелбата на ОН од 1970 година;

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „Дефиниција на агресија“ 1974 година;

Декларацијата за недозволивост на мешање во внатрешните работи на државите, за заштита на нивната независност и суверенитет од 1965 година;

Декларацијата за недозволивост на интервенција и мешање во внатрешните работи на државите од 1981 година;

Декларацијата за зајакнување на ефективноста на принципот на воздржување од закана или употреба на сила во меѓународните односи, 1987 година;

Русија, исто така, прекрши голем број билатерални и мултилатерални договори и спогодби, вклучувајќи:

Меморандумот од Будимпешта за безбедносни гаранции во однос на пристапувањето на Украина кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје од 1994 година;

Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија од 1997 година;

Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за украинско-руската државна граница од 2003 година;

Договорот меѓу Украина и Русија за соработка во користењето на Азовското Море и Керченскиот теснец во 2003 година;

Спогодбата меѓу Украина и Русија за статусот и условите за престој на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина во 1999 година.

Окупацијата и понатамошните обиди на Русија за анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол, како и незаконските дејствија на Русија во Донбас, целосно спаѓаат во дефиницијата за агресија согласно ставовите а), b), c), d), e) и g) од член 3 од Анексот на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „Дефиниција на агресија“ (3314 (XXIX)). Ваквите постапки се сериозно кривично дело против меѓународниот мир, што со себе повлекува меѓународно-правна одговорност на Руската Федерација како држава и меѓународна кривична одговорност на нејзиното највисоко раководство.

Факт 8: Русија редовно испраќа воен персонал и оружје во Донбас преку неконтролираниот дел од украинско-руската државна граница

Преку неконтролираниот дел на украинско-руската државна граница, Русија продолжува да испорачува оружје, муниција и гориво на окупираната територија на Донбас за да ги зајакне единиците на редовните руски трупи и нелегалните вооружени формации поддржани од неа.

Специјалната мониторинг мисија(СММ) на ОБСЕ повеќепати информираше за присуството на оружје и воена опрема во Донбас, која што е само во служба на руската армија. Набљудувачите на СММ во Донбас евидентирале тежок систем за фрлање пламен „Буратино“, радио-електронски систем за сузбивање R-330 „Жител“, беспилотни летала „Орлан-10“, мобилни ракетни системи „Град-П“ итн.

Преку неконтролираниот дел на украинско-руската граница со Русија во Донбас продолжуваат да пристигнуваат редовните војски на Русија и платеници. Руските платеници се класифицирани како „странски терористички борци“ во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН бр. 2178 (2014) од 24 септември 2014 година. Тие се сочинети од значаен дел од воениот состав на создадените од Русија во Донбас 1-ви и 2-ри армиски корпус (командниот состав е формиран од штабни офицери и генерали на Руската Федерација). Бројот на редовни руски војници во Донбас се движи од 3,6 до 4,2 илјади воени службеници.

Спротивно на Договорите од Минск, Русија и контролираните од неа нелегални вооружени формации продолжуваат да го блокираат пристапот на СММ на ОБСЕ до неконтролираниот дел од границата. Посетите на набљудувачите се спорадични и краткотрајни во присуство на членови на нелегалните вооружени формации.

Русија е единствената земја-учесничка на ОБСЕ која го блокира продолжувањето на мандатот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, која моментално работи на двата руски гранични премини, „Гуково“ и „Доњецк“, на целата руско-украинска државна граница во непосредна близина на територијата на Донбас, која не е контролирана од Украинската влада.

Русија одбива да ја исполни својата обврска според став 4 од Минскиот протокол од 5 септември 2014 година за воспоставување на безбедносни зони во пограничните области на Украина и Русија со обезбедување на континуиран мониторинг и верификација на ОБСЕ на границата.

Факт 9: Нарушувањето на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, заканите со сила, мешањето во внатрешните работи на други држави станаа вообичаена практика на Русија

Агресивната политика на Русија не е насочена само против Украина. Русија го наруши територијалниот интегритет на Молдавија и Грузија, објави територијални претензии и подготвеност да го „заштити“ населението кое зборува руски во балтичките земји. Русија ги поддржува евроскептичните и радикалните движења во Европа. Евидентирано е мешање на руските специјални служби во изборниот процес за време на Претседателските избори во САД во 2016 година, евидентирани се и сајбер напади од страна на Руската Федерација врз ОБСЕ, Германија и Франција.

Бруталната воена кампања на Русија во Сирија предизвика моќен бран бегалци во Европа. Постојат многу студии за блиските врски на руските специјални служби со терористичките организации ИСИС и Ал Каеда.

Факт 10: Руската агресија може да се запре само со зголемен координиран притисок од меѓународната заедница врз Русија

Политички и економски санкции беа воведени како одговор на руската агресија врз Украина, така што само прекин на вооружената агресија на Русија против Украина и враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина може да биде основа за нивно укинување. Во други околности, Русија ќе продолжи со својата агресија, ширејќи ја во другите земји во регионот.

Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

притисни ентер