Украдени алатите на археолошкиот тим што истражува на „Стибера“

На самиот почеток на годинашниве археолошки истражувања на античкиот локалитет „Стибера“ кај прилепско Чепигово, тимот на „Завод и музеј“ Прилеп се соочи со бизарна кражба од непознати сторители.

Имено, ноќта помеѓу вторникот и средата, непознати сторители ги ограбиле складишните простории на истражувачкиот тим што се наоѓаат кај археолошкиот локалитет „Стибера“.

Според раководителот на археолошките истражувања, Душко Темелкоски, крадците украле алат за работа: лопати, дурии, казми, мотики, ситен алат, пластични столчиња и маси. Според првичните проценки штетата била околу 500 евра.

- Во понеделникот ги почнавме годинашниве истражувања на локалитетот „Стибера“, најпознатиот на овие простори по пронајдените мермерни статуи. Кражбата на алати не е прва, зашто претходно пет пати двата објекта за складирање се провалувани, но секогаш тоа било надвор од работната сезона, кога во нив имало помал број алати. Се краделе колички, лопати, казми и железни цевки кои се користат за подигање на натстрешницата за екипата кога работи во лето. Овој пат, првпат се ограбува во екот на работите на теренот. Беше известена полицијата која направи увид, но, за жал, арамиите не оставиле отпечатоци. Ги користеле штотуку купените ракавици за работниците, а беа 15 чифта ракавици за работа. Екипата од музејот се сомнева на одредени луѓе, но ништо не може да се преземе без докази, изјави археологот Темелкоски.

Тој објасни дека тимот наново ги купил потребните алати и денеска истражувањата продолжуваат. Се отвора објектот, се уште непознат, до храмот на богињата Тихе во рамките на локалитетот „Стибера“.

- Објектот кој е до храмот посветен на богињата Тихе, лани го отворивме првпат, а сега ги продолжуваме истражувањата да дојдеме до артефакти кои можеби ќе ни откријат за каков објект станува збор во античкиот град „Стибера“. Ќе се работи активни 20 дена, а годинава од Министерството за култура се одобрени 300.000 денари, прецизира Темелкоски.

Античкиот град „Стибера“, активен од третиот век пред нашата до четвртиот век од нашата ера бил и за тогашно време голем град со околу 20.000 жители. Тој е најпознат по пронајдените мермерни статуи, дел се и во Музејот на Македонија, но најголем проблем, е што локалитетот во најголем дел е на приватно земјиште, сопственост на жителите од селото Чепигово, а државата, смета археологот Темелкоски, не најде доволно интерес да го реши тоа прашање што, пак, отежнува наодите да се конзервираат.

- Тешко е да се конзервираат наодите, бидејќи законот не дозволува проекти за конзервација на објекти кои се во приватна сопственост. Проблемот со откуп или размена на приватното земјиште се уште тапка во место, потенцира Темелкоски.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер