Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
1Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
3Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаУкинувањето на техничката влада влезе во Собрание – ќе важи уште на следните избориТехничка влада уште на следниот изборен циклус, а потоа заминува во историјата.. И покрај противењето на опозициската СДСМ, Владата сепак предлага техничката влада да важи само уште на следните избори, а потоа да се укине.. Нацрт законот е доставен до Собранието пред 5 дена , а со предложените законски измени во членот 14 се предвидува наместо до влегувањето на земјата во ЕУ, техничката влада да важи уште на првите по ред парламентарни избори. Во образложението, Владатa оценува дека таканаречената Пржинска влада со текот на времето се покажала како нефункционална и финаниски неоправдана. „ Со предложеното законско решение се воспоставува стабилна и предвидлива правна рамка со која се уредува примената на моделот на преодна, односно техничка влада до денот на објавувањето на конечните резултати и распределбата на мандатите по изборни единици од Државната изборна комисија за првите по ред избори за пратеници во Собранието, спроведени по денот на влегувањето во сила на овој закон, по што се создаваат услови за негово укинување, се наведува во обраложението на прдложените законски измени.“ Согласност за укинување на Техничката влада начелно беше постигната помеѓу учесниците на последната лидерска средба, но на неа не просуствуваше лидерот на СДСМ Венко Филипче. По противењето од на страна на социјалдемократите, премиерот Мицкоски тогаш предложи предодната влада да биде укината не од следните, туку од понаредните парламентарни избори. Опозициската СДСМ обвинува дека Владата сака да го протне законот на шверцерски начин и во тоа препознаваат подготовка за предверемени паралментарни избори. „ Ваквите закони во времето на СДСМ се носеа со консензус, а не шверцерски како што тоа се обидува да го направи владата на ВМРО. Зошто сега го турка без согласност на СДСМ? Предупредуваме дека секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад врз демократијата и слободните избори и ние ќе се спротивставиме. Техничката влада мора да остане затоа што е последна институционална линија на одбрана од злоупотреба на изборниот процес и единствен обид за фер и демократски избори.“, наведуваат од СДСМ. Техничката влада, во која министри за внатрешни и за социјала, како и дополнителни заменици јавна админстрација, финансии и земјоделие 100 пред изборите предлага опозицијата, беше предвидена со Пржинскиот Договор за изборите во 2016 година, но потоа во пресрет на изборите во 2020, по барање на ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција, нејзната важност беше продолжена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеЗа првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потребиСо нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог. Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови. Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек. Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот. Жител: „Слушнав околу пет истрели“ Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој. The ACTIVE SHOOTER in Washington DC has barricaded himself inside of an apartment on the seventh floor on the 1500 block of 15th Street NW, where a BARRICADE has been officially declared by MPD’s ERT. Several shots have just been fired AT POLICE through the door, causing SWAT officers to have to temporarily retreat and reposition themselves. The shooter had also been walking around intentionally setting fires across several different locations along Church Street NW and 15th Street NW. DC Police have put a lookout for a ‘White male, heavy built, wearing gray shorts with a gray and black gun.’ US Secret Service are also investigating the report of shots fired near 12th Street and R Street NW, however that is unfounded so far. https://t.co/xHDpAUA2fW — The DC MD VA Live (@TheDMVLive) November 12, 2026 Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец. Точните локации сè уште се утврдуваат Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа. Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter