Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
1Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
2Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
СветУкината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар Властите во пет општини во Барселона и Тарагона синоќа ја укинаа наредбата за останување дома за 147.000 жители на кои им беше кажано да не излегуваат надвор и да не ги отвораат прозорците поради пожар што избувна во фабрика за хемикалии. Властите во пет општини во Барселона и Тарагона синоќа ја укинаа наредбата за останување дома за 147.000 жители на кои им беше кажано да не излегуваат надвор и да не ги отвораат прозорците поради пожар што избувна рано утрово во фабрика за хемикалии за базени, откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола. Во фабриката беа складирани приближно 70 тони хлор, објави „Ел Паис“. Локалната Цивилна заштита соопшти дека сè уште ја следи ситуацијата, не исклучувајќи ја можноста за потреба од повторно да им се наложи на жителите да останат дома. An order was lifted that confined around 160,000 people in Spain's northeastern Catalonia region after a fire at an industrial estate caused a toxic cloud of chlorine over a wide area, the regional government said https://t.co/lZxkrIGkL7 pic.twitter.com/Sw14SuIZw7 — Reuters (@Reuters) May 10, 2025 Како што е наведено, пожарот е под контрола, нивото на токсични супстанции во воздухот е намалено, а ветерот го пренасочил облакот со хлороводородна киселина кон ретко населената област. Според весникот, само две лица побарале медицинска помош. Претседателот на каталонската влада, Салвадор Иља, им се заблагодари на локалното население за нивното одговорно однесување и ги замоли да продолжат да ги следат упатствата на Цивилната заштита, со цел да се избегнат ризиците што ги создава токсичниот чад од фабриката. Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕкономијаНиколоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зонатаИмаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери. „Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски. Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕвропаНесреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децатаНајмалку 20 лица се повредени откако автобус со повеќе од 50 патници, главно ученици од Германија, се преврте во Холандија рано утринава.На патот А28, во близина на Везерп, автобусот излетал од коловозот откако се судрил со доставно возило, јавува холандскиот сервис NOS. Според локалните власти, автобусот удрил во доставното возило одзади, при што тоа скршнало и се превртело на страна на спротивната страна од патот. Во автобусот имало повеќе од педесет луѓе, главно ученици од Германија. Осум лица се пренесени во болница со повреди, меѓу кои и возачот на доставното возило. Според полициските извештаи, некои од нив се во тешка состојба. Покрај повредените кои морале да бидат пренесени во болница, голем број други лица со полесни повреди биле прегледани на самото место. Според портпаролот на полицијата, меѓу повредените имало и тинејџери. Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат како пожарникарите ги извлекуваат патниците низ покривот на автобусот. Повредените, како што се наведува, главно се здобиле со исеченици од стакло. По несреќата, автопатот А28 беше затворен во двете насоки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаФилипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултатиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче. Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите. „Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство. „Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре. „Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче. Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните. „Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook