Укинат му е притворот на нарко босот Валмир Етеми- платил гаранција од над 600 илјади евра - Канал 5

Укинат му е притворот на нарко босот Валмир Етеми- платил гаранција од над 600 илјади евра

Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека е укината мерката притвор за обвинетиот Валмир Етеми, кој е организатор на групата за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион.

Укинат му е притворот на нарко босот Валмир Етеми- платил гаранција од над 600 илјади евра

Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека е укината мерката притвор за обвинетиот Валмир Етеми, кој е организатор на групата за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион со прифаќање гаранција во вкупен износ од над 600 илјади евра. На обвинетиот му се определени мерки на претпазливост.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на ден 06.03.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот В.Е од С. Решението на Основниот кривичен суд, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема обвинетиот В. Е. од С. со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра или во денарска противвредност од 38.016.040,50 денари. Истовремено спрема обвинетиот В. Е. од С, се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од ЗКП, се наведува во соопштението од скопскиот Апелационен суд .

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, како што се посочува во соопштението, објавена е во целост на веб страната на Судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Челзи го продаде својот удел во клубот за 1,3 милијарди евра

Американскиот бизнисмен Тод Боли повеќе не е претседател ниту сосопственик на Челзи.

Претседателот на Челзи го продаде својот удел во клубот за 1,3 милијарди евра

Тој и неговиот деловен партнер Марк Волтер ги продадоа своите сопственички удели за приближно 1,3 милијарди евра, а купувач е мнозинскиот сопственик, компанијата „Клирлејк“ (Clearlake).

Со тоа, Боли и Волтер ставаат крај на својот ангажман во лондонскиот клуб. Боли и Волтер продадоа по 12,8 отсто од акциите, што значи дека „Клирлејк“ презеде нешто повеќе од 25 отсто од сопственоста. Со ова, сопственичкиот удел на американската компанија се зголеми на речиси 88 отсто.

Единствениот преостанат малцински сопственик е швајцарскиот филантроп Хансјорг Вис, со удел од 12,8 отсто.

Продажбата била реализирана поради длабоки разлики во визијата на раководството на клубот. Според информациите објавени од ESPN пред еден месец, Боли и Волтер влегле во судир со раководството на „Клирлејк“ (Clearlake) околу клучни прашања.

Тие немале усогласени ставови за стратешкиот правец на клубот, изборот на тренер, трансферната политика, како и за плановите за реновирање на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

Конзорциум предводен од „Клирлејк“, Боли, Волтер и Вис го презеде Челзи од Роман Абрамович во мај 2022 година за 5,25 милијарди долари. Рускиот сопственик беше принуден да го продаде клубот поради санкциите од Европската Унија.

Иако оттогаш се потрошени повеќе од 1,8 милијарди евра за нови засилувања, спортските резултати не соодветствуваат на вложувањата.

Меѓу најголемите успеси во овој период се освојувањето на Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година, како и освојувањето на четвртото место во Премиер-лигата во сезоната 2024/2025. Боли поседува удел од една петтина во бејзбол-тимот „Лос Анџелес Доџерс“ и малцински удел во женскиот кошаркарски тим „Лос Анџелес Спаркс“.

Неговиот близок соработник, Марк Волтер, минатиот месец го продаде тимот „ЛА Лејкерс“ за 12,5 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

2025 година е меѓу најсушните години во последните неколку децении

Во 2025 година, реките ширум светот ја доживеаја една од најсушните години во последните неколку децении, соопшти во четвртокот Светската метеоролошка организација (СМО).

2025 година е меѓу најсушните години во последните неколку децении

Се ова укажува на намалување на залихите на површински води на Земјата и предизвикува загриженост за нивната достапност во иднина.

Глобалните залихи на вода се намалуваат веќе една деценија Залихите на копнени води – вклучувајќи ги подземните води, езерата, вегетацијата, мразот и снегот – се намалуваат веќе една деценија, се наведува во извештајот на СМО за состојбата на глобалните водни ресурси.

Таа агенција на Обединетите нации предупреди на „сериозни идни последици“ од овој тренд, бидејќи таквите резерви делуваат како еден вид заштитен тампон за планетата за време на исклучително сушни години, каква што е тековната.

„Сега ги трошиме нашите ’заштеди‘. Глобалните резерви на копнени води покажуваат тренд на опаѓање уште од периодот 2014–2016 година.

Ова е постојан сигнал што трае веќе една деценија“, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација (WMO), Селесте Сауло, во соопштението објавено заедно со извештајот.

Податоците на СМО (Светската метеоролошка организација) покажуваат дека во повеќе од една третина од речните сливови во светот е забележан проток на вода под нормалата, со што оваа година стана една од најсушните за реките на глобално ниво, откако пред 35 години започна собирањето на податоци.

Сепак, во некои речни сливови – како што се делови од Јужна Азија – е забележан вишок на вода, што укажува на сè понестабилни и непредвидливи циклуси на водата, се наведува во извештајот.

Исто така, во 2025 година е забележано значително губење на глечери во сите региони – со што се одбележува четвртата последователна година на овој тренд – а во извештајот се истакнува дека тоа ќе доведе до долгорочна несигурност во водоснабдувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар

Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар,  поддршка за талентот, успехот и развојот на младите.

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик.

Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии се предвидени 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно, во тек на осум месеци во тековната учебна година.

„Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Секој ученик може да аплицира само во една категорија.

За пријавување потребно е да се достават потврда од училиште дека е редовен ученик/чка, кратка биографија, контакт од родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени дипломи, признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или акредитирани организации, согласно категоријата за која се аплицира.

Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака за категоријата.

Крајниот рок за поднесување на документите е 23.9.2026 година.

Огласите се објавени на веб-страницата на Општина Центар, каде што се наведени сите услови и потребни документи за аплицирање:

ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар

ОГЛАС за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2026/2027 година | Општина Центар

ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науката, техниката и посебните вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер