УКЦ Ниш: Подобрена здравствената сотојба на двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани - Канал 5

УКЦ Ниш: Подобрена здравствената сотојба на двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани

Подобрена здравствената сотојба на двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани, префрлени се на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

УКЦ Ниш: Подобрена здравствената сотојба на двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани

Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани (18 и 24 години), кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Соопштение од тој Клинички центар се нагласува дека „нивната здравствена сотојба е стабилна“.

Пациентите беа примени во Воената болница во Ниш, а потоа префрлени на Универзитетскиот клинички центар во тој град.

„Жената (45), која е и најтешко повредената пациентка од пожарот во Македонија и е хоспитализирана во Универзитетскиот клинички центар Ниш, се уште е на одделението за Интензивна нега. Таа е во стабилна постоперативна состојба, веќе не е на респиратор и самостојно дише. Свесна е, но се уште не може да зборува, но е комуникативна“, соопштија од УКЦ во Ниш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

Граѓаните се соочуваат со огромни трошоци за живот, а власта не обезбедува помош ниту за најзагрозените, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Свети Николе, по средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар. Никаква помош за ниту една критична категорија граѓани на кои им е навистина потребна“, истакна Филипче.

Тој посочи дека без соодветна поддршка остануваат пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата. На средбите се разговараше и за предлог-законите на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците во кризата.

Филипче ја повика власта да ги поддржи предложените решенија и барем еднаш да го слушне гласот на народот.

„Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка“, рече Филипче.

При посетата на земјоделците од Овчеполието, регион со долгогодишна земјоделска традиција, тие укажаа на недостигот од откуп на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото и огромните трошоци за ѓубрива и нафта.

Филипче предупреди дека ваквата состојба го доведува во прашање опстанокот на земјоделците и можноста да продолжат со производство следната година.

„На овие луѓе им е потребна сериозна помош, поради тоа што не само што не можат оваа земјоделска сезона да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање: што ќе се случува догодина со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со ниски откупни цени, но и без откуп на земјоделските производи“, нагласи Филипче.

Тој го пренесе и предупредувањето од земјоделците: ако власта продолжи да не се грижи за земјоделството, за две години во овој крај земјоделие нема да постои, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скулптурите на академик Жарко Башески ќе бидат изложени во Музејот на современа уметност во Белград

Скулптурите на академик Жарко Башески денеска заминаа во белградскиот Музеј на современа уметност, каде што на 2 октомври во 18 часот ќе биде отворена неговата самостојна изложба насловена „Корпо-реалност“. 

Скулптурите на академик Жарко Башески ќе бидат изложени во Музејот на современа уметност во Белград

Поставката претставува заеднички проект на Музејот на современа уметност во Белград и Националната галерија на Македонија од Скопје.

Поставката „Корпо реалност“ го прикажува творештвото на Башески преку дела со монументални димензии и прецизна хиперреалистична изведба. Авторот низ овие скулптури отвора директно истражување на човечкото тело, физичкото присуство и човековото искуство.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста повеќе од еден месец, односно сè до 9 ноември 2026 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Вознемирувањето на новинарките и жените во медиумите е во пораст последниве години, алармираат од женската медиумска мрежа „Еднаква“...  

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Над 80 проценти од новинарките се соочиле со онлајн вознемирување кое вклучувало навреди, говор на омраза, сексистички и шовинистички коментари, па се до закани по животот, а речиси половина од нападнатите воопшто не го пријавиле вознемирувањето, покажуваaт последните истражувања на Платформата за истражувачко новинарство и анализи. Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека со развојот на технологијата и се поголемото присуство на медиумските работници во дигиталниот простор, проблемот низ годините станува се поизразен.

Токму непријавувањето и нормализирањето на ваквите напади се меѓу причините поради кои Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и ССНМ изработија нова дигитална алатка преку која новинарките и медиумските работнички ќе можат да пријават онлајн вознемирување.

„Сакам оттука да испратам порака: пријавувајте, еве сега имаме можност. Пријавувајте за да можеме да процесуираме, за да можеме борбата да ја префрлиме пред институциите и да имаме казнивост за овие престапници. Затоа што неказнивоста често провејува кога зборуваме за нашето право и правда, особено и за нашата професија. Долги години ни требаше казнивоста да ја преточиме во законска регулатива, нападите врз новинарите да се третираат како напад врз службено лице.“

„Мојот апел е без разлика за какво онлајн вознемирување станува, ги замолувам, нели, новинарките и медиумските работнички тоа да го пријавуваат, затоа што тоа е првиот чекор за да се бориме заеднички со овој проблем, бидејќи навистина може да влијае на работата, безбедноста и професионалниот интегритет на новинарките и на медиумските работнички.“

Алатката е достапна на веб-страницата на синдикатот, а пријавата може да се поднесе со име и презиме или анонимно, а како доказ може да се приложат линк до објава, порака или профил, како и скриншот од содржината., како што посочуваат од „Еднаква“, не е само да се евидентираат случаите, туку преку пријавите да се утврди реалниот обем на проблемот, но и да се бара институционална реакција, па така пријавите во зависност од видот и тежината ќе се проследуваат до надлежни институции за натамошно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер