УЈП нема да попушти за наплатата на данок за приходи од странство - Канал 5

УЈП нема да попушти за наплатата на данок за приходи од странство

Граѓаните кои платиле данок на доход за 2020 година во странство, а на кои сега им е пристигнато даночно решение од УЈП и по истото постапиле, се уште имаат време да приложат докази до Управата за јавни приходи.

УЈП нема да попушти за наплатата на данок за приходи од странство

Граѓаните кои платиле данок на доход за 2020 година во странство, а на кои сега им е пристигнато даночно решение од УЈП и по истото постапиле, се уште имаат време да приложат докази до Управата за јавни приходи и доколку се утврди дека средствата им се двојно оданочени, може да се изврши враќање на средствата или да се прифатат за друг долг следната година – вели директорката на УЈП, Елена Петрова. Таа уверува граѓаните се уште имаат време да приложат докази и тврди дека согласно законите и меѓунардните договрои не може да има ниту двојно одданочување ниту двојно ослободување. Во однос на најавите од граѓани дека ќе превземат чекори и ќе ги оспорат слуачите пред Управниот суд Петрова вели тоа е законско право и уште еднаш повтори дека нивната актвност не била брза и ненајдена, туку само спроведување на законот.

„Имајќи в предвид дека граѓаните мора да се вратат назад и да обезбедат докази за работа што се случила пред 5 години а доказите ги обезедуваат од странски земји ние ќе им овозможиме и дополнително да поднесат докази....еве во овој период....Во однос на граѓаните кои платиле во страство и постапиле по овие даночни решенија секако дека ќе бидат земејни во предвид сите докази ќе се утврди зависно од меѓународниот договор, платениот данок во страснтво да се прифати како даночен кредит, уплатата што е изврешена овде може да се изврши враќање или да се прифати за друг долг за следна година....“- Елена Петрова.

На прес конференција, по повод стартот на пилот фазата на е – фактура, чии тест перидот според најавите ќе трае до крајот на тритот крватал од годинава, процес со кој според надлежните ќе се овозможи поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија, министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, во однос на даночните решенија од 2020 година, рече дека не се работи за никакви законски измени и дека секој граѓанин треба да си ги знае обврските кон државата.

„Ние ниеден закон не сменивме. Даночните обврзнии треба да ги знаат законоти и да ги оставруваат кога станува збор за потврдите за остварување доход во странство, секој од нас треба да знае дека кога го составрува доходот треба да обезбеди и потврда. “ - Гордана Димитриеска Кочоска - министерка за финансии.

Инаку од 11 илјади граѓани данок за 2020 година бил утврден за 6 600, за останатите било констатирано дека доходот не подлежи на одданочување. Денеска засегнати граѓани од Куманово, кој изминатите години работеле во базите во Ирак и Авганистан, повторно излегоа на протест пред канцелариите на управата за да го искажат својот револт...

По основ на овој данок УЈП досега наплатила 3 милиони евра, а според најавите тие освен 2020та, ќе ги проверуваат и останатите години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Ден пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.

 Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп.

Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка..

Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер