Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаУЈП ќе спроведува засилени даночни контроли кај авто-такси превозницитеКако што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превоз Управата за јавни приходи (УЈП) во наредниот период ќе спроведува засилени контроли кај вршителите на авто-такси превоз на патници со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците. -Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно. Воедно се должни да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден, да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата, информираат од УЈП. Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, порачуваат, ги охрабруваме да пријават преку: •Бесплатната телефонска линија: 198 •Е-пошта: [email protected] . -Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности. Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина. Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители, посочуваат од УЈП.Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан КопманДенеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните. Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСтапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултетиПариската полициска управа, почнувајќи од денес па сè до петок, забрани ненајавени собири и протестни поворки во радиус од 100 метри околу десет средни училишта и пет универзитетски објекти во француската престолнина. Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM. Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас. „Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката. Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“. Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование. „Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Шоу бизЗапален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип ЖивојиновиќЏип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом. Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот. Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент. Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.Тагови: Александра Пријовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook