УЈП ги суспендираше инспекторите опфатени во предистрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ - Канал 5

УЈП ги суспендираше инспекторите опфатени во предистрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“

УЈП ги суспендираше инспекторите опфатени во предистрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“... 

УЈП ги суспендираше инспекторите опфатени во предистрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“

УЈП ги суспендираше инспекторите опфатени во предистрагата на обвинителството поврзана со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Откако ИРЛ објави пораки помеѓу Михајло Јованов, синот на газдата на Пулс, и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата, од УЈП за Канал 5 велат дека решението за суспензија е донесено за да се заштити институционалниот интегритет се до додека трае постапката.

„Во објавата беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции. Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП.“

ИРЛ објави комуникација на синот на газдата на Пулс со инспекторот од УЈП Драган Паунов, кој инаку е брат на в.д претседателката на Кривичен, Даниела Димовска, како и со даночниот контролор Дуле Димитирев од УЈП – Штип. Државниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се води уште една предистрага во која се опфатени не само за инспекторите од УЈП туку и лица од други институции. Прашан околу тоа дали обвинителството ќе истражува евентулани влијанија врз постапката, Коцевски не одговори конкретно, но уверува дека нема да се пропушти ниедно инкриминирачко дејствие.

„Овие податоци изнесени од ИРЛ не се ништо ново. Сите овие пораки се испратени до одбраната, до судот, ги имаше и МВР. Но тоа се многу малку пораки во однос на она што Обвинителството располага во моментов, и има таму можеби уште десетина инкриминирани дејствија. Што значи постапката воопшто не е затворена не само во однос на УЈП туку и во однос на други институции.

Тајна е постапката, не можеме да кажеме кои се сторители, но кажав на почеток, ова е ерозија на системот. Обвинителите нема да пропуштат ниту едно дејствије, ниту потенцијален сторител што извршил инкриминирани дејствија а да не биде опфатен со истрага.“

Обвинението за пожарто во Пулс според најавите од Кривичен ќе биде оценето до крајот на неделава. Предметот за осомничените полициски службеници од Кочани и Штип пак кој го води Обвинителството за организиран криминал и корупција е сеуште во истрага.

Инаку, Советот на јавни обвинители денеска констатираше дека завршува мандатот на претседателката Душица Димитриеска а изборот за нов претседател е одложен до завршување на изборите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер