АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни
2АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни
3Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција
МакедонијаУЈП демантира дека ја пломбирала дискотеката „Пулс“ во декември 2024Управата за јавни приходи ги дематира информациите во јавноста дека дискотеката „Пулс“ била пломбирана од страна на УЈП.Не се точни информациите дека во декември 2024 година дискотеката „Пулс“ била “пломбирана“ од УЈП, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно законот за регистрирање на готовински плаќања, велат од УЈП, кои во објавените информации гледаат обид за политизација, за кои во ниту еден момент не било побарано да бидат потвредени. Од УЈП појаснуваат дека „пломбирање“ било извршено кај друг угостителски објект и со друг назив, кој бил предмет на контрола и за кој била изречена привремена забрана за вршење на дејност.Тагови: кочани УЈП Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДолга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол. Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023. -Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот. Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканСрпски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан Припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој беше убиен во гранатирање на југот од земјата, е српски државјанин, потврди либанското Министерство за одбрана.Станува збор за виш водник Милован Јовановиќ (37), кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца. Служел во српската армија од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година, според министерството. Починал од повредите здобиени во нападот врз базата на ОН во јужен Либан. Откако бил ранет, му била укажана итна медицинска помош во болница во базата, а потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал. Уште двајца мировници се повредени УНИФИЛ претходно објави дека еден мировник починал откако минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан, доцна во среда навечер. Двајца други мировници на ОН беа ранети во истиот напад. Тие беа лекувани во медицинска установа во базата на УНИФИЛ. Мисијата соопшти дека започнала истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот. УНИФИЛ не кажа кој е одговорен за нападот. Во соопштението се предупредува на зголемен број траектории и напади во јужен Либан и се вели: „Насилството мора да престане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казниНад 360 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во текот на изминатите две години.Над 360 тони небезбедна храна била спречена да стигне во продажба на македонскиот пазар, во изминатите две години, информраше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето наАХВ и на Светскиот ден на безбедноста на храната. минатата година АХВ ја заокружила со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изречени биле 6.770 инспекциски мерки. Во однос на последниот скандал со млекарниците поврзан со контролите кјај 10 оператори но и укажувањата на експертите дека се потребни построги казни како гаранција за квалитет и безбедност на млечните производи. Миланов појасни дека ќе направат дополнителни контроли, со цел да се открие колку време траела праксата со проблематичните производи.тој најави дека ке се засилат контролите и кај месните производи. И во следниот период ќе продолжат интензивните конторли од страна на ахв.. Од Агенцијата ги повикаа граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни активности на субјектите кои работат со храна, затоа што, како што велат оттаму, безбедната храна не била привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook