УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд - Канал 5

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

​СДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  - ширење паника и хистерија меѓу граѓаните.

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси.

Филипче и СДС треба да знаат дека едно се инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри.

И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен.

Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната.

Видовме дека Филипче во периодот кога се шеташе со Заев по Егејот имаше проблеми од сонцето и топлината па беше дезориентиран. И сега како да е ист, само се вклучува кога неговиот и бизнисот на Заев не поминуваат.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица: Обединувањето е нашата сила и иднина

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица: Обединувањето е нашата сила и иднина

„Ќе ми дозволите најпрвин да го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани да им посакам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства. Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија.

Традиционално денеска сме овде во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, а гледам и дека има во суштина граѓани од цела Македонија, така што секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со една, би рекол, порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување — всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата.

Ви благодарам.“- изјави Мицкоски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: СДСМ ги поддржува барањата на телевизиите – да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија

СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат.

Кузеска: СДСМ ги поддржува барањата на телевизиите – да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија

Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност!

Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.

Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија.

Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата.

На сомнителен начин и со заобиколување на законите.

За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола.

Истиот модел сега се подготвува и со Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата.

Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС.

Чекор по чекор се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание на концептот на „српски свет“ на Вучиќ за кој предупреди и Европскиот парламент.

Мицкоски не само што ги спроведува copy-paste политиките на Вучиќ тој е извршител на интерсите на неговиот ментор.

Ова е српско-руска агенда за Македонија да остане надвор од ЕУ и да остане тампон-зона за туѓи интереси.

Медиуми. Банки. Осигурување. Капитал. Влијание. Се она што

СДСМ предупредува се случува пред очите на јавноста.

АЛТА банка веќе влезе во македонскиот банкарски сектор.

Парите од сметките на јавните претпријатија и државата (парите на граѓаните) се префрлаат во Алта банка, со што таа остварува профит за финансирање на медиумите.

Граѓаните сами го плаќаат сопственото медиумско труење.

Се отвора простор и за АЛТА осигурување.

Следува контрола врз информациите што стигнуваат до македонските граѓани и медиумски мрак.

Задолжени се Началникот Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.

Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола.

Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност.

Да има само пропаганда.

Ги повикуваме слободните медиуми, невладините организации, интелектуалците, заедно да се спротивставиме.

Ова е прашање што ги надминува партиските поделби.

Ова е прашање за слободата на медиумите и за демократска Македонија.

Македонија не смее да стане медиумска, политичка и економска колонија на туѓи центри на моќ.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер