3Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
МетеоУХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна неделаТоплотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Тагови: топлотен бран УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ТенисАлкараз за Ѓоковиќ: Тука нема простор за дебатаЗа еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема: славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање ...За еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема: славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање што стана негов заштитен знак. Младиот шпански ас јавно му оддаде признание на српскиот тениски ас, ставајќи го на самиот врв во оваа категорија. Оваа реакција беше поттикната од објава на официјалниот профил на АТП на Инстаграм, каде што од навивачите се бараше да го изберат играчот со најдобро движење на турнејата. Покрај Ѓоковиќ и Алкараз, меѓу кандидатите беа и Рафаел Надал и Енди Мареј. Меѓу илјадниците одговори од навивачите, посебно внимание привлече коментарот на шпанскиот тенисер; без двоумење, тој го даде својот глас за Ѓоковиќ. „Ѓоковиќ. Тука нема простор за дебата“, напиша шпанскиот тенисер. Српскиот тенисер го планира својот следен настап на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, кој ќе му послужи како последна подготовка за „Ју-Ес Опен“. Од друга страна, Шпанецот исто така се подготвува за остатокот од сезоната и се очекува да биде меѓу главните фаворити на последниот грен-слем турнир оваа година, покрај Ѓоковиќ и Јаник Синер.Тагови: Карлос Алкараз Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Шоу бизБен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“: Се радуваше како дете!!Холивудската ѕвезда, актерот Бен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“, по сензазионалната добивка популарниот Бетмен се радуваше како дете, сега е познато и каде ќе завршат парите.Холивудскиот актер Бен Афлек освои еден милион долари во специјално, хуманитарно издание на популарниот квиз. Со овој голем успех, Бен Афлек се приклучи на одбраната група славни личности кои успеаја да стигнат до самиот врв и да ја освојат максималната сума во ова шоу. Во оваа специјална емисија, славните личности се здружуваат со искусни натпреварувачи во квизови, а целиот паричен износ од наградата е наменет за хуманитарни цели. Афлек настапи во тим со Џејми Динг, поранешен шампион на познатиот квиз „Jeopardy!“, а се натпреваруваа за фондацијата „Eastern Congo Initiative“, која актерот ја основаше заедно со други партнери во 2010 година. Тандемот стигна до самиот финиш на квизот „Дали сакаш да станеш милионер?“ и прашањето од милион долари, кое гласеше: „Како дел од годишната традиција за Денот на благодарноста, кое од следниве имиња не се однесува на мисирката помилувана од претседателот на Соединетите Американски Држави?“ Понудените одговори беа: А) Путер од кикирики и желе, Б) Татер и Тот, В) Макарони со сирење и Г) Шпагети и ќофтиња. Бидејќи не беа сосема сигурни, Афлек и Динг решија да користат дури и две џокер-карти на последниот чекор. Прво, го повикаа водителот Џими Кимел за помош. Кимел истакна дека верува дека точниот одговор е под Д (Шпагети и ќофтиња), на што Афлек му рече со насмевка: „Всушност, многу добро ја разбираш храната и актуелните настани. Можеше да го знаеш ова.“ Како дополнителна сигурност, го искористија џокерот „Покани пријател“ и го повикаа Стивен Морисон, кој исто така е преценет квиз-натпреварувач. За време на разговорот, Џејми се пошегува со Кимел на сметка на неговата позната измислена нетрпеливост кон Мет Дејмон: „Џими, можеби ќе ти се допадне овој мој пријател. Дипломирал на Харвард, татко е, а разликата во години меѓу нас е две години. Заедно сме поминале многу нешта, исто како Бен и Мет“. Тагови: Бен Афлек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВо потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средбаПотпелистерското село Трново, односно дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е местото каде се одржува Семакедонската средба, годинава по 55 пат.Традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. На големиот празник Илинден голем број наши сограѓани, гости од други градови во Македонија, Македонци од соседните земји, иселеници, денеска празнуваа со песна и оро, а беа испратени значајни пораки за нашата земја, за нејзината позиција и за предизвиците со кои се соочува. По интонирањето на македонската химна пред присутните се обратија говорниците на годинашната средба. Општина Битола, продолжува да биде поддржувач на оваа значајна манифестација, како обележје на Битола и нејзините бројни иселеници. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање не прават уште посилни исправени пред предизвиците на денешницата. „Ви посакувам добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и се дел од оваа Семакедонска средба. Битола во минатото ја испишала историјата на печалбарски крај и сите сакаме тоа да биде историја, да не ни се повторуваат миграциите, да бидеме тука сите свои на своето и заедно да го градиме подоброто утре за нас и за генерациите после нас. Оние кои заминуваат, верувам дека еден ден своите професионални искуства ќе ги споделуваат заедно со нас, во нивниот роден крај каде заедно ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина и подобри услови за напредок на младите генерации. Светското искуство, секогаш може да даде позитивна насока во идеите, иницијативите и проектите кои се реализираат за поубава Битола.Нема подобро од родниот крај, кој Ви подава рака за враќање назад во татковината, овде сите заедно да живееме, овде да растат новите генерации Македонци. Општина Битола ќе ги негува и унапредува културните врски со иселениците од Македонија. Нека ни е честит големиот празник „Илинден“ и за многу години“ рече градоначалникот Коњановски. Свои обраќања имаа и г. Петар-митрополит преспанско-пелагониски, Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселеници од Македонија, Александар Јаневски-претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, Тодор Петров-претседател на Светскиот Македонски Конгрес и Драган Ковачки пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ. Програмата продолжи со културно-уметничка програма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter