Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
МакедонијаУХМР: Од вторник температури над просекот за овој период од годинатаУправата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината.Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Тагови: временска прогноза УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тонеВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра.Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака. Без вистинска поддршка од државата. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше. Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. Да имаше државата реална политика, Македонија повторно би можела да го храни регионот. Наместо тоа - изолација и фалби со туѓата работа. Eкономски колапс во Македонија. За две години оваа власт: • ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра, • странските инвестиции паднаа за повеќе од 60%, • минималната плата не е зголемена, • потрошувачката кошница продолжи да расте, • инфлацијата ги топи платите и пензиите, • младите масовно ја напуштаат земјата. Владата нема резултати. Има само пропаганда. Се фали со туѓи успеси, а сопствените промашувања ги крие зад бројки и спинови. Земјоделците работат. Граѓаните преживуваат а ВМРО-ОКГ се фали. Тоа е целата економска политика на оваа власт, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделствоВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство, преку реализација на капитални проекти, модернизација и силни институции.Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции. Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, пет години не бил реализиран, а државата плаќала милионски пенали, додека кредитот од Светската банка за модернизација на земјоделството, имаше реализација помала од 10 проценти. Денес состојбата е целосно променета и посветено се работи на модернизација на земјоделството, така за логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје веќе е завршена постапката за избор на изведувач, а центарот ќе биде изграден до крајот на 2027 година, додека во Струмица се подготвува изградбата на современ центар за сортирање и складирање на земјоделски производи. Паралелно, се воспоставува интегриран дигитален систем за управување со земјоделското земјиште, а во делот на државното земјоделско земјиште склучени се повеќе од 2.100 договори за околу 6.000 хектари, а ослободени се дополнителни 2.000 хектари кои во најскоро време ќе им бидат ставени на располагање на земјоделците. Во водостопанството обезбедивме финансиска стабилност, инвестиции и забрзана реализација на капиталните проекти, за што во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари. По цели шест децении, се исчисти езерото Младост, додека површините под наводнување се зголемени од околу 14.000 на 17.700 хектари и откочени се проектите за браните Конско и Речани, хидросистемот Равен – Речица, системите за наводнување Колибари, Сарај и Турија, проектот Злетовица. Обезбедени се и европски средства за нови системи во Сопот и Новаци, додека проектите за системите за наводнување Страиште и Пепелиште, веќе се во активна фаза, со избрани постапки и подготовка за изградба. Во делот на шумарството, од претпријатие кое работеше со загуба и неисплатени плати, денес има профит од 10 милиони денари и нов дигитален систем за следење на шумските ресурси, што значително ја подобрува контролата и транспарентноста. Во ловството, склучени се 71 нов договор за концесија на ловишта, а во рибарството по долг застој повторно е реализирано порибување на Охридското Езеро со околу еден милион единки охридска пастрмка. Паралелно на ова се работеше и на законските реформи, при што подготвени се новите закони за земјоделско земјиште, земјоделство и рурален развој, уредување на пазарите и шумите, како и воспоставување револвинг фонд за откуп на земјоделски производи. Резултатите се јасни и видливи, од проекти што со години стоеле во место, денес имаме активни градилишта, нови инвестиции, модернизација и институции што работат во интерес на граѓаните и во таа насока ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политики што носат развој, инвестиции и силно македонско земјоделство, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМладеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар.Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста. Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Ова признание на Клековски не ја намалува вината, туку ја потврдува. Ова е признание за целосен колапс на системот под водство на Мицкоски и неговата криминална организација. Колку време му требаше на Клековски да признае дека задоцнија со реакција, дека потфрлија во тоа што е основна обврска на секоја Влада - да се грижи и да ги штити граѓаните? 22 дена Гостиварчани пиеле загадена вода - илјадници граѓани се разболеа. Денови поминаа откако прогласија епидемија и дека водата е неисправна во повеќе населени места. Денови поминаа откако уште во 6 други градови и населени места водата е исто така загадена. Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја проверат водата. Кога веќе призна за Гостивар, Клековски треба да признае и за водата во Болницата за белодробни болести во Лешок, наместо да ги извртува фактите и да предизвикува катастрофа. Анализата во Лешок е направена од Центарот за јавно здравје во Тетово, согласно Националната годишна програма. Резултатот е пратен до Агенцијата за храна и до Министерството за здравство. Прашањето е дали постапиле овие институции кога го добиле резултатот или повторно црвените светла задоцниле? Дали се известени пациентите, персоналот, дали се презеле мерки за нивна заштита? Или и во овој случај ќе се чека да поминат денови, па откако ќе ескалира проблемот ќе слушаме признавања дека системот затаил? Опасни се изјавите на Клековски со кои сака да го релативизира проблемот. Вели диспанзери имало во Лешок, а како се одржува хигиената во болницата? Со каква вода медицинскиот персонал ги мие рацете? Со каква вода се одржува личната хигиена на пациентите што се хоспитализирани? Ниту едно признание нема да ги заштити граѓаните ако по него не следуваат оставки и одговорност. Признанието на Клековски не дојде од совест. Дојде затоа што веќе секој граѓанин со свои очи ја виде вистината - оваа власт им го загрози здравјето, ја отру државата. И сега, кога конечно признаа, кој ќе одговара за задоцнетите реакции, за загрозеното здравје на граѓаните? Мицкоски? Клековски? Граѓаните немаат ништо од ова признание за црвените светла. Не се виновни црвените светла, туку луѓето што носат одлуки. А одговорност сè уште никој не ја презема. Мора да има целосно утврдување на одговорноста, оставки од Клековски, Андоновска, Миланов и итни контроли и анализи на квалитетот на водата во целата држава, рече Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook