Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат терасите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови - Канал 5

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат терасите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  - блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина.

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат терасите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Просторот на катот во Трговскиот центар - блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот пред локалите (сите пицерии) мора да биде целосно расчистен и прооден за минувачите, а не како сега, пешаците да се движат низ мал „тунел“ широк метар и половина, велат одговорните.

Ова, како што нагласуваат, е последицата на средбата на градоначалникот Владко Грозданов со угостителите од пред два месеца. Тогаш е постигнат договор за отстранување на времените објекти на катот во Трговски – блок А, што се третираат како бесправно изградени. Притоа, угостителите на сопствен трошок ќе ги отстрануваат градбите во дадениот рок.

Подоцна, во согласност со важечките законски прописи, сопствениците на угостителските објекти ќе можат да побараат од надлежните во општинската администрација, да им одобрат користење на јавно прометната површина. Доколку добијат согласност за такво нешто, ќе можат да постават подвижни тенди, чадори и друга опрема за вршење угостителска дејност, но просторот што ќе го користат не смее да биде ограден. Ќе мора, според важечките прописи, да биде отворен од три страни.

Што се однесува до кафулињата на приземјето во Трговски- блок А во Кочани, тие веќе го направија она што се бараше однив и ги отстранија застаклените делови од локалите што се на јавна површина. Кај нив тендите нема да се отстрануваат.

Отстранувањето на времените градби-тераси од пред угостителските објекти, освен за објектите во Трговскиот центар блок А и Б, важи за сите угостителски објекти на територијата на Кочани.

Денеска, иако е државен празник, претставници на комуналната и градежната инспекција на Општина Кочани беа излезени на терен и вршеа увид во состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција побара итни одговори од премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и Обвинителството за информациите за трансфери на пари преку Алта банка од Србија во Македонија. Тој го отвори прашањето дали Скопје станува станица за натамошен трансфер на пари кон Москва.

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Тој посочи дека, според информациите на кои се повикува СДСМ, станува збор за трансфери од над 50 милиони евра, за кои премиерот и гувернерот треба да дадат одговори пред јавноста.

„Верувале или не, според последните информации коишто доаѓаат од соседна Србија, од централата на Алта банка во Белград се префрлаат фрапантни над 50 милиони евра во Алта банка Македонија“, истакна Жерновски.

Според него, Мицкоски и Славески се најповикани да објаснат што се случува, поради нивната улога во влезот на банката во државата.

„Да не заборавиме дека влезот на Алта банка во Македонија е со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески и затоа тие се најповикани да одговорат што се случува денеска, бидејќи одговорот на тоа прашање го очекуваат не само нашите граѓани, туку го очекуваат сите и во регионот. Но тука упорно се молчи“, нагласи тој.

Жерновски соопшти и дека до СДСМ пристигнале информации од свиркачи за притисоци врз институции, вработени и компании што добиваат тендери да работат преку Алта банка.

„Во меѓувреме, ова е крајно сериозен податок: преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка“, рече Жерновски.

Тој предупреди на сериозноста на овие наводи и побара институциите да престанат да молчат.

„Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна“, посочи Жерновски.

На крајот, тој порача дека избегнувањето одговори нема да ги затвори отворените прашања.

„Стратегијата на Мицкоски е јасна. Тој молчи затоа што мисли на тој начин дека ќе помине сето ова, секое чудо за три дена и така натаму“, рече Жерновски, додавајќи: „Така што, му сугерираме да не молчи, туку веднаш да излезе пред граѓаните и да каже за потеклото на овие криминални пари.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо се поблиску до 1000 гол

Најплатениот светски фудбалер, Поругалецот Кристијано Роналдо и во 41 година од животот, се уште е вистинска машина за голови. 

Роналдо се поблиску до 1000 гол

Португалскиот фудбалер на 41-годишна возраст покажа дека сè уште е фудбалски феномен.

Тој стигна до 985 гола на официјални натпревари и сега го делат само 15 гола од неверојатната бројка од 1.000! Во победата на Ал Наср над Ал Холуд (5:2), португалскиот напаѓач го постигна својот 67-ми хет-трик во кариерата.

Роналдо досега има постигнато 57 хет-трика на клупско ниво, како и уште десет во дресот на португалската репрезентација. Особено е интересно што ова е првпат тој да постигне три гола на еден натпревар уште од мај 2024 година.

Неговата статистика низ акариерата е скоро неверојатна . Тој има постигнато најмногу голови во дресот на Реал Мадрид, каде што ја затресе противничката мрежа 450 пати.

Следуваат 146-те гола за португалската репрезентација, додека за Манчестер Јунајтед постигна 145 гола. Тој стигна до бројката од 138 гола во Ал Наср, 101 за Јувентус, а пет пати се запиша во листата на стрелците за Спортинг Лисабон.

Во текот на својата кариера, Португалецот постигна 11 таканаречени „совршени хет-трикови“ – ситуации во кои на еден натпревар постигнал голови со десната нога, со левата нога и со глава.

На Роналдо сега му недостасуваат само 15 гола до бројката од 1.000, а меѓу активните фудбалери, најблиску до него е Лионел Меси, кој според горенаведената статистика има 934 гола.

Роберт Левандовски има 707 гола, Луис Суарез 616, додека Карим Бензема има 524.

Од фудбалерите кои се сè уште во полна играчка форма, Хари Кејн има 527 гола, Килијан Мбапе 428, а Ерлинг Халанд 335.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасна несреќа во Германија: Училиштен автобус премина преку кружен тек и удри во ѕид од куќа

Училиштен автобус, во кој се наоѓале околу 20 деца, утрово удрил во ѕид од куќа во Бад Олдеслое, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. 

Ужасна несреќа во Германија: Училиштен автобус премина преку кружен тек и удри во ѕид од куќа

Точниот број на повредени лица, како и сериозноста на нивните повреди, сè уште не се познати.

Несреќата се случила околу 07:20 часот на улицата Зилцберг, кога, од засега непознати причини, автобусот преминал преку кружен тек и удрил во ѕид од куќа, пренесува „Билд“.

По судирот, возачот останал заглавен во автобусот, а една жена и неколку патници се здобиле со повреди, потврди полицијата.

Точниот број на повредени лица сè уште не е утврден.

На местото на настанот се наоѓаат екипи на итната помош, пожарникари и полиција, а просторот е ограден.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер