МакедонијаУгостителите градат став околу предлог законот за заштита од пушење, во најкус можен рок ќе излезат до предлозиТуристичко угостителската комора деновиве ќе излезе со свои предлози и барања во врска со новиот закон за заштита од пушење.Туристичко угостителската комора деновиве ќе излезе со свои предлози и барања во врска со новиот закон за заштита од пушење, велат од комората откако пред три дена законското решение кое треба да почнe да се применува од 1 март, е објавено и на електронскиот регистар ЕНЕР...Од комората велат: „Во однос на новите предлог мерки за пушење ние како ТУК заедно со нашите членки деновиве градиме став во врска со новите предлог решенија. Во најкраток можен рок ќе излеземе со свои предлози, размислувања и барања.“ – ТУК. А најавија и дека доколку е потребно ќе побараат средба и со надлежните. Во меѓувреме од Град Скопје за Канал 5 посочуваат дека тие и натаму може доколку одредено правно лице побара да издадат решение за поставување на урбана опрема сголасно правната легислатива и дека тоа не е врзано со носењето на законот за пушење, бидејќи тој ја уредува дејноста што би се вршела во дадениот локал. Со законот, дозволено ќе биде пушење во летните тераси но само ако тие се отворени од три страни, во спротивно казните ќе бидат парични до 5.000 евра како и затворање на локалите, а надлежни ќе бидат пазарните инспектори.. Со овој закон Македонија влегува во групата земји со најригорозни закони за заштита од пушење. Слични решенија има и во земјит еод ЕУ - Хрватска, Словенија, соседна Грција, додека во моментов во тек е носење на закон за забрана за пушење цигари само во затворени простории во Босна и Херцеговина. За дел од тамошните угостители, доколку биде донесен законот - тоа велат ќе значи намалена заработка и помал број на гости. „Ако го донесат тој закон за кафулињата тоа ќе биде навистина тешко, бидејќи поголемиот број се пушачи. Но од друга страна тоа на непушачите ќе им одговара и повеќе да доаѓаат... “ - Жарко Кушиќ – сопственик на угостителски објект. „Ги почитуваме законските регулативи меѓутоа сметаме дека тоа ќе се одрази на работата во секторите угостителство и туризам, што значи дека нашите раобтиници кои работат во секторите туризам и угоситителство за жал ќе бидат приморени или да променат професија или да бараат друга работа...“ - Жељко Татиќ – прет. на здр. на угостителски и туристички работници на Р.Српска Со предлог законот кај нас, освен целосна забрана за пушење во затворени јавни објекти, се предвидува забрана за пушење и во сите видови јавен превоз, сите јавни, воспитно-образовни и културни институции, заеднички простории во стамбени згради, како и приватни возила кога во нив е присутно дете, а забраните освен за цигари, се однесуваат и на сите останати никотински производи и уреди... за непочитување, физичките лица ќе се казнуваат од 100 до 300 евра. Тагови: закон за пушење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРијана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум. Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече: „Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“ Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain. Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил: „Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“ Потоа додаде: „Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“ Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече: „Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“ Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува: „Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“ Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете. Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБезос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината. „Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“. „Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос. "The Moon is a gift." @JeffBezos on building a Moon base: "NASA is really focused on the Moon now." "I've been focused on the Moon for a really long time and have been saying, 'Let's do the Moon and then do Mars.'" "It's kind of step by step, but do the Moon first." Via @CNBC @andrewrsorkin @blueorigin @NASAMoonBase — Jawwwn (@jawwwn_) October 8, 2026 Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“. „Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос. Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс. Извор: Б92Тагови: месечината Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter