УФЦ шампион е во притвор поради обид за убиство - Канал 5

УФЦ шампион е во притвор поради обид за убиство

Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, е обвинет за обид за убиство, пишува TMZ.

УФЦ шампион е во притвор поради обид за убиство

Веласкез учествувал во пукање во Морган Хил, град во Калифорнија, во кое едно лице е повредено. За среќа е надвор од животна опасност. Извори блиски до истрагата изјавиле за NBC дека Веласкез е приведен.

Полицијата во Сан Хозе потврди дека Веласкез е затворен и обвинет, но не прецизираше зошто. Тие најавија дека во моментов го истражуваат мотивот и околностите во кои се случил вчерашниот инцидент. Пукањето во Морган Хил било пријавено вчера во 15:14 часот.

Светската слава тој ја стекна борејќи се во УФЦ, а денес има 39 години и живее во Саут Беј. Тој е поранешен двократен шампион на УФЦ во тешка категорија. Веласкез се прости од ММА борбите во 2019 година и се приклучи на професионалното борење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанската полиција заплени над 2,6 тони кокаин, вреден 500 милиони евра

Италијанската финансиска полиција денеска објави заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, недалеку од брегот на Португалија. 

Италијанската полиција заплени над 2,6 тони кокаин, вреден 500 милиони евра

Проценетата вредност на дрогата на улица достигнува 500 милиони евра, пишува Ројтерс.

Детали за акцијата

Кокаинот е откриен на многу брз океански чамец, а четири лица на него се уапсени. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia di Finanza објаснува во соопштение за медиумите дека шверцерите користат вакви пловила за да соберат нелегален товар што го фрлаат во морето големи товарни бродови од Јужна Америка.

Истрага и вредност на дрогата

Акцијата е спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а истрагата е координирана од италијанските обвинители од Бреша. „Вредноста на кокаинот на големо се проценува на приближно 78 милиони евра. Во случај дрогата да стигне до крајниот пазар и да биде подготвена за продажба, можела да оствари профит од приближно 500 милиони евра“, се наведува во соопштението за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 3 денари, дизелот за 4,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година.

Нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 3 денари, дизелот за 4,5 денари

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051% и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0397%.

Од 28.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 48,099 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг. и сега ќе изнесува 48,099 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Иран упати ново предупредување до Бугарија дека им дозволува на Соединетите држави да ги користат нејзините воени бази, што дополнително ги засили дипломатските тензии меѓу Техеран и Софија. 

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews.

Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи рече: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“.

„Заемна почит“

Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“. „Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија.

Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување“, се заклучува во пораката на иранското министерство. Последната реакција на Техеран дојде само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа Truth Social.

„Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои со Трамп и го поддржува распоредувањето на американската воздухопловна база и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп.

Министерот за одбрана го минимизира ризикот

Ваквата размена на пораки предизвика загриженост во Бугарија, но министерот за одбрана Димитар Стојанов се обидува да ја смири јавноста. Говорејќи за бугарската телевизија bTV, Стојанов рече дека не е загрижен за можноста од ирански ракетен напад врз Бугарија, но призна дека „се е можно“.

Кога станува збор за стравот од потенцијални терористички напади, министерот тврди дека ризикот сега е помал отколку во периодот кога на цивилниот аеродром беа стационирани американски воени авиони.

Претходно оваа недела, бугарскиот парламент го одобри преместувањето на американските авиони во воената воздухопловна база Безмер. Таа одлука предизвика протести кај локалните жители, кои стравуваат дека областа може да стане цел поради растечките регионални тензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер